Да се зарази некој со чекање, тоа е најсигурен начин да се владее со него

14.04.2014 13:24
Да се зарази некој со чекање, тоа е најсигурен начин да се владее со него

И така, прифаќајки ги премолчено условите за живот кои вашиот непријател ви ги поставува, живеете како што сака тој; впрочем, и не живеете туку стрпливо чекате, сѐ додека целиот ваш живот, заедно со сето она што сте го очекувале, не се претвори во трпение и бескрајно чекање, што значи дека сте прифатиле тој „рајски“ начин на живот, а тоа е исто што и пат до доброволна пропаст за себе и своето потомство.

За да не мораат самите да ве убиваат, ве заразија со тоа чекање кое ве одржува во живот и полека ве убива. Ќе свенете и ќе исчезнете како што свенаа и исчезнаа толку предци и народи во Османлиското царство, пред вас, на ист или на сличен начин.

Не ни забележаа дека од патот на вистинскиот живот незабележливо се префрлени на мртвиот колосек на чекањето без крај и цел. Не чувствувајќи го тоа свое чекање како товар ниту како понижување, бидејќи и самите се претворија во чекање.

Да се зарази некој со чекање, тоа е најсигурниот начин да се владее со него, тоа значи тој да се направи неподвижен и безопасен, целосно и засекогаш, и таа илузија на чекањето е поцврста од секој затвор и посилна од најсилните пранги; зашто со многу среќа и вештина, можете да побегнете од затвор и да се ослободите од оковите, но од таа илузија(!) - никогаш и довека.

Сѐ што сте и што знаете, умеете и можете, е ставено во служба на тоа чекање без крај и без каков било изглед да се оствари. На едни векот и минува во мачно и залудно чекање, а други добиваат и без најмало чекање сѐ што сакаат и на што се надеваат.

Извор: mojahercegovina.com
Слика: Pawel Kuczynski

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Психологија / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото