Лав

16.04.2014 08:48
Лав

Си бил еднаш еден лав...
Каков лав?
Страшен лав,
накострешен, сиот страв!

Страшно, страшно!

Не прашувајте - што ли јадел,
тој ти јадел сѐ што најдел
- трамвај цел
и од облак еден дел!

Страшно, страшно!

Тој ти одел на три нозе,
и ти гледал на три очи,
и ти слушал на три уши...

Страшно, страшно!

Дури не го
Бранко него
со гумата избришал!

Страшно, страшно!

(Препев: Србо Ивановски)
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото