Манијаци упаднале во студентски стан, го исчистиле и го средиле

16.04.2014 13:21
Манијаци упаднале во студентски стан, го исчистиле и го средиле

Скопје, 16 април 2014

Синоќа околу 22 часот во населбата Капиштец, двајца постари студенти со среден раст насилно влегле во стан во кој живееле две студентки на возраст од 20 години, од кои едната се наоѓала во станот, а другата била на пат кон дома.

Насилниците ја врзале студентката за стол и ја принудиле да ја гледа немилосрдната сцена на средување на станот. Еден од студентите жестоко ги миел садовите, додека другиот со сета сила чистел со правосмукалка, кога во меѓувреме во станот влегла и другата студентка. Натрапниците со брза реакција ѝ го одзеле мобилниот телефон и ја заклучиле во свежо исчистената самица.

Откако ја избришале сета прашина во станот, ги испеглале и здиплиле алиштата и ги спариле чорапите, тие ги ослободиле студентките и избегале во непознат правец.

Полицијата се сомнева дека еден од извршителите на ова дело веќе има кривично досие, и дека минатата година влетал во приватна гаража во Карпош и ги измил стаклата на еден од паркираните автомобили, што треба да ја олесни истрагата.

Извор: news-bar.hr