Дигитална архива на светската историја достапна на Јутјуб

18.04.2014 11:10
Дигитална архива на светската историја достапна на Јутјуб

Една од водечките компании за продукција на кино-журнали и документарци во XX век British Pathé ја постави на Јутјуб својата комплетна архива, која содржи повеќе од 85.000 филмски записи од периодот (1896-1976).

Стручњаците, научниците и истражувачите од различни профили, но и сите заинтересирани сега имаат можност да се спуштат во „златниот рудник“ на оваа архива, која содржи снимки од некои од најзначајните моменти од историјата во последните сто години.

Целосната архива може да се погледне на Јутјуб каналот на British Pathé.

Во архивата има околу 3.500 часа снимен материјал кој е дигитализиран во 2002 година, благодарение на парите добиени од Националната лотарија.

Оваа единствена видео архива ги покрива речиси сите важни настани, познати луѓе, патувања, спортски натпревари и културни настани, а претставува и голем извор на информации за Првата и Втората светска војна.


Основана во Париз 1896 година, Pathé е формирана и во Велика Британија 14 години подоцна. Многумина сметаат дека Pathé го дефинира форматот на телевизиските вести онаков каков што постои и денес. Компанијата згаснува во 1970 година, продавана е повеќе пати, а како независна архива се враќа во живот во 2009 година. Две години подоцна е отворен и Јутјуб каналот, а сега комплетната архива е префрлена на познатата видео платформа.

Извор: telegraph.co.uk

Слични содржини

Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја
Општество / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја
Балкан / Историја
Историја

ОкоБоли главаВицФото