Интегралниот текст од прислушкуваните разговори во аферата „Македонска банка“

22.04.2014 14:37
Интегралниот текст од прислушкуваните разговори во аферата „Македонска банка“

Ги пренесуваме транскриптите од прислушкуваните разговори пред сè како политички артефакти кои подобро од илјада слики - да ја пресвртиме старата пословица - ја објаснуваат овдешнава поврзаност меѓу криминалот, политиката и економијата; но овие пикантни разговори ги пренесуваме на Окно и како историски (па и книжевен) документ кој покажува на кој начин функционира политиката во Република Македонија. Монтажите на Свирачиња немаат намера ниту да инсинуираат ниту, скраја да е, да ги исмејат оние што храбро ја обелоденија аферата, челните луѓе на СДСМ (во прв ред Зоран Заев), туку само да го намалат чувството на депресија кај читателот и да внесат малку ведрина во мрачново четиво.

Разговор со Јовица Стефановиќ – Нини (1)

Нини: Работиме, што правите вие?

Соговорник: Еве, добар, добар. Јас сум во Берлин, еве тука стојам пред ресторанот. Со некои парламентарци имаме ручек. Ти се јавив, викам дај да ти се јавам на тебе и ми го даде бројот и гледам после тоа веднаш тројца скопјани тука, гледам жити се, десет минути изгубив со нив. Слушај, од каде до каде, тројца луѓе од Скопје случајно да ги видам тука.

Нини: Абе, гледаш како светот е мал.

Соговорник: Абе стварно е мал, абе. Ти како си? Добро?

Нини: Одличен.

Соговорник: Види вака сега, јас те барав еднаш-два пати минатата недела. Ти знам беше на пат, а ние во гужва.

Нини: Денес плативме 5,5 милиони, колку треба...

Соговорник: Зошто, оваа…?

Нини: За акциите.

Соговорник: А, за акциите, добро. А што јас ѝ кажав на Верица… на Зорица. Таа е… ќе ги држиме тие од сумата пари што ни ја должите за на крај.

Нини: Добро, не е проблем, не е.

Соговорник: Ама да знаеш дека не е… сумата околу 280.000 евра се должи за тоа.

Нини: Нема проблем, шефе, на таа тема. Нема проблем.

Соговорник: Не, мислам сакам да знаеш дека е тоа коректно од наша страна.

Нини: И од една и од друга. Поинаку не може да биде меѓу нас.

Соговорник: Вака шефе сеа за другото без многу да се мислиме, ако ми кажеш дека ова е прифатливо може веднаш да започнеме; значи, ние стигнавме до 2,2 милиони евра, дали нашата понуда би била следнава: 2,4 милиони евра, значи за 51%, али тоа ќе зборуваме цена по акција после, колку е од кои, 900.000 жирално...

Нини: Добро.

Соговорник: 1,5 во кеш од кои десет месечни рати али што повеќе во прва рата да може на пример, дали 200, 300 во прва рата и другото во 10 месечни рати.

Нини: Може ли да ми дадете простор да се изјаснам до… кога се враќаш тие денови?

Соговорник: Се враќаме петок, сабота...

Нини: У петок сабота. Или ќе ме бараш или ќе те барам у петок или сабота.

Соговорник: Аха.

Нини: И ќе се договориме.

Соговорник: Важи… ама значи не е голема разлика у тоа што дискутиравме последен пат...

Нини: Ден, Ден, Ден, јас со вас нема многу да правам спогодби овакво ако тука нема што...

Соговорник: Да.

Нини: Значи може да зборуваме за сè со вас, нема многу спогодби, ние треба пријателски да извршиме секоја работа...

Соговорник: Да, да, добро.

Нини: Према тоа тука нема да или не, значи, сметам дека сме блиски и не сме за денеска...

Соговорник: Да, видите. Добро јасно.

Нини: Јас имам видено многу добро од таја партија, од тие луѓе и од сите вас, значи комплетно како тим, према тоа нема тука, сакам не сакам, можам не можам...

Соговорник: Да.

Нини: Е само мора да ја запазиме процедурата, да кажеме јас тоа сакам да го купам преку српски фирми, да не почне после тамо да паламуде после, дали ме разбирате нешто лево десно...

Соговорник: Не, види сега, тука тоа е друго прашање, оти ќе треба дозвола од народна банка, од тоа оноа па ќе треба да го измислиме добро.

Нини: Така еее, така е.

Соговорник: Нели, формалниот дел...

Нини: Така, така.

Соговорник: Меѓутоа мислам дека тоа 900.000 ќе помине кај гувернерот.

Нини: Добро, добро.

Соговорник: Званичниот дел...

Нини: Добро. Нема што кај гувернерот да помине или да не помине.

Соговорник: Значи... не, сумата како сума ќе помине, аааа, значи уште еднаш 900 илјади жирално, тука ќе зборуваме после за другите детали дали да ги купеш акциите во офшоре фирмите или да ќи купеш само акциите на македонска банка ама тие се детали за кои ќе најдеме договор, ако најдеме договор за оваа.

Нини: Добро.

Соговорник: Не е спорно другите финеси и детали мислам, тоа сакам да ви кажам.

Нини: Добро.

Соговорник: Ааа, значи, уште еднаш 1,5 од кои да речеме 300, 400 во кеш во старт.

Нини: Добро, добро, неее, готово, нема потреба да зборувате ништо, даа да да...

Соговорник: И другото на десет месечни рати.

Нини: Јасно, јасно јасно.

Соговорник: Добро, добро.

Нини: Вака сега, до сабота ќе се слушнеме, да видиме... јас ќе те барам...

Соговорник: Значи, а во меѓувреме ако треба некоја консултација, пак на овој број или...

Нини: Не не, само со вас, на овој број може да ме барате кога сакате, но внимавајте, кога јас не сум во канцеларијата никој не одговара на повикот, тој е мој директен телефон...

Соговорник: Не, зборот ми е ако имаш потреба порано да ме контактираш преку Зорица, нека ми пушти смс.

Нини: Не, не, не нема проблем, јас директно ќе ве барам на мобилен, па вие ќе ме барате после.

Соговорник: Не, не, можно е да не дигнам оти сум на состаноци.

Нини: Но мојот број ќе го видите, со мобилен ќе ве барам.

Соговорник: Можно е, мош не, ама ако имаш проблем прати ми смс порака...

Нини: Добро.

Соговорник: Прати ми порака, тоа ми е зборот.

Нини: Ден, договорено, значи…

Соговорник: Било што порано прати ми порака...

Нини: Значи, до сабота ме чекате, до сабота не одлучувате ништо, сега е топката кај мене. Така ли е?

Соговорник: Топката е кај тебе, но ако ти си спремен порано да тргнеш и ние сме...

Нини: Да, да, да.

Соговорник: ...спремни, тоа ми е зборот.

Нини: Ве разбрав, фала.

Соговорник: Ок.

Нини: Најдоцна до сабота се слушаме.

Соговорник: Ок, ајде пријатно.

Разговор со Никола Груевски (1)

Груевски: Да, ало.

Соговорник: Еј, морав да ти се јавам. Од странскиот број ти се јавувам на овој број така што нема проблем.

Груевски: Аха.

Соговорник: Слободно може да зборуваме, нема теорија да нè слушат, освен во Германија да нè слушат.

Груевски: Да.

Соговорник: Се слушнав сега со, со овој Нини од Србија.

Груевски: Добро.

Соговорник: Јас сум излезен некаде, сега се враќам, ааа. Вака сега, не даде ни да ни не.

Груевски: Аха.

Соговорник: Меѓутоа мое чувство е дека ќе прифати. Меѓутоа ме замоли уште еднаш до крајот на неделата треба, до петок сабота требало да биде, мислам сеа, знаеш не кажа да, не кажа ни не, ама пошто зборува за преку кои фирми би одело тоа, како би било, да провере регулација во Србија, најверојатно ќе треба да биде српска фирма, али останавме на тоа, значи 2,5 милиони евра за 51% али тоа ќе го прерачунаме во број на акции од кои 1,5 милион во кеш од кои 300 до 400 евентуално значи унапред...

Груевски: Аха.

Соговорник: А другите, другите милион и двеста во 10 месечни рати...

Груевски: Аха.

Соговорник: А деветсто илјади евра жирално. Сега и он самиот спомна, јебига, може овој гувернерот Трпевски ќе ни прави проблеми, не знам...
Груевски: Мислам дека ќе прави.

Соговорник: И он самиот спомна тоа.

Груевски: Мислам дека ќе прави особено ако сумата е слична со сумата на овие, а ние така го правиме нели...

Соговорник: Е па не е баш така, 400 илјади евра повеќе е. Овие нудеа 500 илјади...

Груевски: Ама рачунајте дека овие ќе излезат со поголема сума, тоа им е само почетна позиција на нив...

Соговорник: Е па добро де, ќе одиме и ние нагоре сеа, јеби го.

Груевски: Да.

Соговорник: Ќе оди он нагоре на сметка на кешот што ќе паѓа доле, тоа е тоа. Ааа меѓутоа позитивно ми звучеше, тоа сакам да ти кажам.

Груевски: Добро, добро.

Соговорник: Ок, ќе се видиме.

Груевски: И сеа кога треба да му кажеме?

Соговорник: Он ќе ни се јави до петок, ама кажа дека разгледува уште некој работи, замоли до петок...

Груевски: Добро.

Соговорник: Викам, нема проблем Нини. Али зборот ми е дека, сум 90% сигурен дека ќе го прифати ова, сега може да се врати назад ама ќе видиме.

Груевски: Добро.

Соговорник: Али не кажа ни да ни не, мислам ни за сумата ништо не сакаше да зборува за тоа, само вика дај ми до петок да видам некој други работи па после ќе ти кажам што е моја позиција.


Разговор со Јовица Стефановиќ – Нини (2)

Соговорник: Ме слушаш?

Нини: Те слушам, те слушам.

Соговорник: Мора од специјални броеви да се јавуваме, сеа што да правиме...

Нини: Како?

Соговорник: Викам, мора да се пазам, хах.

Нини: Да, да те разбирам.

Соговорник: Ова е тука, тотално непокриен број од надвор број е така што можам комотно да зборувам, мислам би требало ептен несреќни да сме да се случи нешто. Вака сега, Јоцо, значи ние остануваме на тоа, еве чекам да слушнам твоето мислење, нели кажа до петок сабота ќе се слушнеме?

Нини: Не у сабота, значи денеска се договоривме Значи денеска… кога треба да завршиме. Вака сега. Значи твој став е 2.400.000...

Соговорник: Добро.

Нини: 900 веднаш, ало?

Соговорник: 500?

Нини: 900.

Соговорник: Аха, 900 жирално, да.

Нини: А останатото да биде на 10 еднакви рати.

Соговорник: Е сега не, останато мислевме на пример 200-300 ако може веднаш, и другото во рати.

Нини: Чекај, може ли 200 веднаш, а да биде наместо 10, 11 рати?

Соговорник: Абе Јоцо, за тебе може, знаеш дека не одлучувам сам, меѓутоа сега мора и ние да бидеме флексибилни така што не можам јас да ти кажам меѓутоа еве јас...

Нини: Чекај чекај, ако ова загусти, да треба порано...

Соговорник: Аха.

Нини: На таа тема не треба да разговараме воопшто, не е ни важно што сме договориле. Ме разбираш?

Соговорник: Да, да да.

Нини: Значи, јас сакам да имам некоја основа, да имам темелно цврсто направен договор, ме разбираш.

Соговорник: Да.

Нини: Ете така.

Соговорник: А види, би било до... за мене на пример мислам би било прифатливо вака, еве 900 значи жирално...

Нини: Веднаш ќе ги дадеме тие.

Соговорник: Кажавме, тие, ќе разговараме после за деталите оти има некои офшоре компании, дали ќе ги купиш офшоре компаниите или акциите, ама тоа се детали за кои ќе дискутираме кога ќе дојде време, за тоа да не зборуваме сега, меѓутоа значи 900 жирално. Значи, мој предлог би било уште еднаш, 300 да биде кеш, веднаш... ало, ало ало...

Соговорник: Ало?

Нини: Даа, те слушам Дончев. Ден, те слушам.

Соговорник: Нешто се губи линија. Добро значи. Еве. 900 се договоривме. Ете сега, милион и петсто, од кои…

Нини: Не, милион и четрсто.

Соговорник: Не бе Јоцо милион и петсто е.

Нини: У право си, у право си шефе извини.

Соговорник: Од кои триста би биле значи веднаш во кеш...

Нини: Двесте можам веднаш, немој да ме тераш на триста..

Соговорник: Добро, 200 значи веднаш.

Нини: Така е.

Соговорник: Тоа останува милион и четрсто.

Нини: Добро де, колку останува , ќе пресметаме, 200 веднаш и останатото на десет еднакви рати...

Соговорник: Јоцо, а може ли 200, 200 и после плус десет месечни рати. Значи 200 веднаш, 200 после месец дена, и тоа останува , милион и сто. Останува 110 по месец...

Нини: Може, може може...

Соговорник: Значи 200 веднаш, 200 после еден месец?

Нини: Ден, сè може, завршена работа.

Соговорник: И 110 пута 10.

Нини: Така е, може.

Соговорник: А за деталите ќе разговараме. Добро, Јоцо.

Нини: Е кога да се видиме кажи ми?

Соговорник: Епа што побрзо, што побрзо. Само овој пат јас и ти и може и Борис ќе го донесам.

Нини: Кој сакаш тој само…

Соговорник: Али овај да остане, стварно нема потреба никој друг, за Марјан, за тоа нема потреба никој друг да знае...

Нини: Ова е веќе дефинитивно, така?

Соговорник: Дефинитивно.

Нини: Добро.
Соговорник : Шефе, може.

Нини: Добро, еве вака, јас ќе ги спремам документите...

Соговорник: Кој ќе ти биде, извини...

Нини: Ќе биде Југоремедија и Медела...

Соговорник: Југоремедија од каде е?

Нини: Од Зрењанин.

Соговорник: Врање?

Нини: Зрењанин, Зрењанин.

Соговорник: Добро, а другата?

Нини: Другата е Медела од Врбас. Сите детали јас ќе ти ги дадам утре или евентуално во среда.

Соговорник: Добро, а кој ќе ти биде контакт човек тука, ќе имаш некој? Зорица ќе биде? Којј ќе ја бутка операцијата?

Нини: Пак Зоре.

Соговорник: Значи, ти информирај ја Зоре, јас и она да се сретнеме утре.

Нини: Добро, само да ви кажам нешто како ќе биде. Ќе дадам и три четири македонски фирми по пет посто да може да се пренесе.

Соговорник: Да.

Нини: Сукцесивно, ме разбирате?

Соговорник: Да, да.

Нини: Ете така, и тоа ќе може од утре да се работи.

Соговорник: Да.

Нини: Ете така, договорено.

Соговорник: Тоа може, јас и ти кога ќе бидеш во Ниш пак?

Нини: Јас во Ниш ќе бидам во среда.

Соговорник: Во среда, а претходно каде ќе си?

Нини: Во Врбас во Медела таму.

Соговорник: Каде е тоа не знам точно, подалеку е така?

Нини: Во Војводина. Блиску до Суботица е. Ноќта ќе одам таму, утре ќе бидам таму, во вторник навечер доаѓам.

Соговорник: Значи, ние може евентуално, среда, четврток да се видиме, но ќе се договориме за тоа.

Нини: Во среда може да се видиме.

Соговорник: Меѓутоа битно е Зорица да знае и да ги води оперативно работите и да почнеме тука се што треба барања до гувернерот, сето тоа...

Нини: Никој тоа веќе не смее да го знае.

Соговорник: Да.

Нини: Само јас, ти и Зоре.

Соговорник: Да.

Нини: Ете така, договорено.

Соговорник: А може сукцесивно… ок, ќе се договориме. По телефон си достапен така?

Нини: Секогаш.

Соговорник: Добро. Ок. Баш ми е мило, се слушаме, само напред, ајде шефе. Пријатно.

Разговор со Никола Груевски (2)

Соговорник: Али вака сега, имам добри вести. Се слушнав со овој.

Груевски: Аха.

Соговорник: Попладнево некаде кај 6, 7 саатот беше, ааа, вака, значи он прифаќа, 2,4.

Груевски: Добро.

Соговорник: Значи за 51% од кои 900.000 ќе ги префрли жирално.

Груевски: Аха.

Соговорник: И еден и пол ќе ги префрли така, во готовина. Е сега од тие еден и пол...

Груевски: 900.000 колку е тоа?

Соговорник: Што колку е?

Груевски: Колку е тоа 900.000? 50 милиони?
Соговорник: Околу 50 и неколку милиони, да.
Груевски: Е па како ќе го оправдаме, зошто даваме на него а не на овие другите… А тие 500 даваат.

Соговорник: Тие 500 даваат, Никола?

Груевски: Да.

Соговорник: Мислам, ние имаме тука флексибилност, нема тука, ако треба да се зголемува ќе се зголемува, не е проблем тоа.

Груевски: Да, да јасно.

Соговорник: Е мислам дека сме ок, ааа, е сега за деталите не зборувавме, мислам, и по телефон и тоа ќе решиме дали и како ќе тече понатаму ќе видиме, меѓутоа генерално прифати, значи, од тие еден и пол милион што се во кеш.

Груевски: Аха.

Соговорник: Он предлага вака. Вика тоа е најмногу што можам да направам, 200 веднаш, јас инсистирав малце повеќе ама вика тоа е најмногу 200 веднаш сега, 200 после месец дена...

Груевски: Аха.

Соговорник: И, тоа веднаш после потпишување, мислам, 200 после месец време после потпишување, и 100 пута 10 месеци понатаму...

Груевски: Аха.

Соговорник: За мене мислам дека е прифатливо, размисли вечерва, дај ми зелено светло утре и да започнеме што побрзо да го решаваме тоа, ако веќе не ти е уште сега.

Груевски: Ок е, прифатливо е, прифатливо е ајде.

Соговорник: Значи да почнам утре, така?

Груевски: Значи, за 12 месеци целосно ќе се покриеме, така?

Соговорник: Па да речеме 10 месеци од моментот на потпишување, 11 месеци од моментот на потпишување, да.

Груевски: Ако потпишеме во ноември, до другиот ноември. Ок, прифатливо е.

Соговорник: Не види, мислам дека е сосема, сосема добра понуда...

Груевски: За ова претходното, за ова претходното како он, дава ли (???)

Соговорник: Па види вака, јас не сум се, поради тоа што сум бил на пат, не сме се виделе две недели и плус откога ги купи тие три и пол посто во банката му кажав да ги задржи се’ додека да му биде како гаранција.

Груевски: Добро.

Соговорник: Од тие рати што ни ги должи до сега, така што сега…

Груевски: Ама последна рата може да му биде гаранција, не...

Соговорник: Добро, не прави проблеми, како и да е не прави проблеми, последните две недели јас не сум имал време да ги видам бидејки на пат бевме. Така што утре ќе го видам.

Груевски: Добро.

Соговорник: Не е, мислам, не е, нема никави индикации дека имаме некакви проблеми, тоа ми е зборот.

Груевски: Добро.

Соговорник: Така што мислам дека е сосема ок.

Груевски: Е сега вака, како одма да алармираме, како да направиме сега. Со Љубе што да правиме.

Соговорник: Е сега они тука треба да си ја буткат таа процедура, не можеме ние, не знам како тече процедурата сега, банката треба да го извести гувернерот дека е најдено купувач, треба да се согласат акционерите, значи треба да направиме сега...

Груевски: Да не ни преземе некои мерки, он некако, банката уствари одма да пушти утре сабајле. Јави му на Боев вечерва.

Соговорник: Не, не не, не може банката, треба прво овие да дадат некое...

Груевски: Е па дај речи му...

Соговорник: Да да.

Груевски: Што побрзо да даде за да не…

Соговорник: Не вака, утре ќе се видам со Бо(а)јаџиев и овие да ми кажат кои се постапките за понатаму. Ќе се видам после со човекот на овој Нини…

Груевски: Слушај за Бојаџиев, уште некое време да не му кажуваме? А?

Соговорник: Некој треба да ми каже каква е постапката, кои се чекорите.

Груевски: Постапката е следна: ако има преддоговор некаков одма треба да го испратиме во Народна банка за да види дека нешто се дешава…

Соговорник: Добро, што немаме такво нешто...

Груевски : Треба да го имаме, или, или тој веднаш да поднесе барање за Народна банка уште утре, неговата компанија.

Соговорник: Добро.

Груевски: Најбоље е тоа, одма да поднесе барање, во текот на утрешниот ден. Макар и некомплетно, а она…

Соговорник: А нели треба прво нашите, овај, собрание на акционери да даде согласност. Како може он да донесе барање, пред ние да имаме согласност?

Груевски: Нека поднесе оти ќе преземе мерки овој. И да не може нека поднесе. Ме сфаќаш?

Соговорник: Добро, еве ќе зборам со Јасмина ако е така ама не знам овој да не го изреволтираме, не знам сега што да правиме.

Груевски: Кого да нè изреволтираме?

Соговорник: Марија, да не почне да зборува.

Груевски: Не бе, ај зборувај, ама еве јас ти кажувам, ги знам тие работи горе доле знаеш.

Соговорник: Аха. Не, не е проблем јас ќе му кажам, но овој нека достават.

Груевски: Добро е да има некој меморандум така да има. Ама ако нема, пошто ние немаме време да губиме. Он утре нека поднесе барање. Не, он не може утре да поднесе комплетно барање. Ме сфаќаш?

Соговорник: Да.

Груевски: Не може тоа утре да го направи, треба недела време да се подготвува за комплетно.

Соговорник: Он може само известување да каже дека е во разговор со претставници на аккционерите кои претставуват мнозински пакет, дека е постигната согласност, и се во тек постапки да се откупат 51% од тоа и тоа.

Груевски: Ви го поднесувам барањето или напоменувам дека во текот на наредните денови барањето ќе биде комплетирано.

Соговорник: Ок, може така, значи прелиминарно известување дека е донесена начелна согласност и дека во наредните денови очекуваме да се формализира процесот а во меѓувреме да свикуваме собрание на акционери и сето тоа да си тече како постапка, затоа ви викам, не можеме Марјан да не го известиме, мора да биде во тек.

Текстот од снимените разговори е добиен од СДСМ

Извор: Либертас, 17.04.14.


 Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото