Студент нарачува плескавица без кромид за сите да мислат дека има девојка

23.04.2014 12:49
Студент нарачува плескавица без кромид за сите да мислат дека има девојка

Скопје, 23 април 2014

Миле Боцевски, студент по право од Скопје, признал дека нарачува плескавица без кромид само затоа што сакал сите да веруваат дека има девојка.

Тој се решил на овој чекор бидејќи бил мета на потсмев на своите другари кои одамна почнале да јадат плескавица без кромид.

„Веќе некое време другарите се шегуваа на моја сметка бидејќи немам девојка. Повеќето од нив се прават важни поради своите искуства, а јас никако да најдам девојка. За да се ослободам од нивните зафрканции, почнав да се преправам дека имам девојка и намерно нарачувам плескавица со сите зачини освен кромид. Морам да ви кажам дека шегите на моја сметка набрзо престанаа и дека другарите сега ме гледаат со сосема други очи“, гордо раскажува тој.

Според неговите зборови, улогата на заљубен човек кој ги избегнува плескавиците со кромид ја одиграл толку добро, што другарите сега се шегуваат со него со зборовите „Опааа, значи сериозна е работава? Кога ќе биде свадбaта?“. Меѓутоа, Мiле потајно се надева дека на овој начин ќе ги заинтригира и девојките кои според него сакаат зафатени мажи.

„Забележав дека и девојките ме гледаат поинаку откако го применувам овој метод. Зафатениот маж е секогаш предизвик за женската суета, па вака им станувам попривлечен и убеден сум дека ако упорно нарачувам плескавица без кромид, ќе успеам да фатам некоја девојка. Кога важно ќе кажам 'од зачини сѐ освен кромид', ги забележувам копнежливите погледи на присутните девојки. Една од нив дури и рече дека е штета што сум зафатен, што докажува дека сум на вистинскиот пат“, оптимистички говори Боцевски.

Извор: www.njuz.net