Дизајнерска поп-ап продавница во галеријата во МКЦ

08.05.2014 10:37
Дизајнерска поп-ап продавница во галеријата во МКЦ

23 МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ И НАД 400 ДИЗАЈНЕРСКИ ПАРЧИЊА НА ПРОДАЖБА ВО ГАЛЕРИЈАТА
ПРИ МКЦ

 

Гaлеријата во Младинскиот културен центар, овој викенд, 9 и 10 мај (сабота и недела), со работно време од 12 до 22 часот, ќе биде домаќин на 23 дизајнерски колекции на облека, накит, додатоци и други производи. Ова е седмо издание на настанот со наслов SUPER DESIGN POP-UP STORE и досега е најголемо по бројот на учесници и производи што ќе бидат понудени на продажба на македонската публика.

Покрај последната модна колекција на организаторите Лудус, ќе бидат застапени и колекциите на други етаблирани модни имиња како Лидија Георгиева, Chic Undercowear, Елена Спасовска, Билјана Каран, Аcidwear, Mикка, Aтами и Гаја, дизајнерите на накит Нина Симовска – Just Because, Капка, Билјана Клекачоска, Еклектика. Покрај нив за прв пат ќе учествувват и Јелкица Поповска, Линија, Мелани Димитровска, интернет продавницата Bastet Noir, дизaјнерите на додатоци Илина Поповска, Билјана Каровска, Симон Ангел и Елена Ристовска и Гоблен, како и македонскиот бренд Стилисимо и линијата на ѕидни часовници Project Time.

Посетителите ќе можат да си обезбедат парче по достапни цени во текот на дводневниот настан што ќе биде збогатен со придружна програма со различни содржини како промоции на модни портали, модни работилници и презентации. Модниот портал stylist.mk ќе постави т.н. консталтинг агол, каде бесплатно ќе нуди совети на клиентите во врска со комбинациите на парчињата целосниот изглед.

Во петок во 19 часот ќе започне презенатцијата на Паратиссима Скопје, прв саем на современа уметност, а во 21 часот гостите ќе можат да присуствуваат на промотивната забава на интернет страницата „Скопје се носи“.

Обетки дизајнирани од Kapka Jewelry, студио за современ накит на Јана Ацевска

Рачно изработен ѕиден часовник од Project Time

Модна креација на Лидија Георгиева

Artistic Accessories Goblen е микро машинерија за изработка на aртистични, рачно изработени модни детали.

Прстен дизајниран од Билјана Клекачкоска, дизајнерка на накит која работи главно во филигранска техника.

Креација на Мелани Димитровска, моден дизајнер со препознатлив стил чии елементи се минимализам, геометрија, футуризам и специфична текстура.

Илина Поповска стои зад етикетата Ilina Design и Ilina Design-wood. Ќе се претстави со колекција очила со рачно изработени рамки од дрво.

ACID WEAR е бренд што постои веќе 17 години. Ја рефлектира уличната мода и е наменет эа девојки со млад дух.

Бобан Илиевски е дизајнер кој се опишува како вљубеник на глам-трешот од 80-тите и поп-кичот успешно споени во комерцијален дизајн.

Елена Ристовска е дизајнер на накит. Во нејзината работа се среќаваат зборови од приказни, мистични симболи, еманати на природата, но и урбани елементи, градски перцепции...

Македонскиот моден сајт Stylist.mk во рамки на Super Design Pop-Up Store ќе организира т.н. консалтинг агол, во кој ќе нуди бесплатни модни совети. Уредничките на Stylist.mk ќе им помогнат на посетителите во МКЦ да направат соодветни комбинации од понудените парчиња на облека и накит од дизајнерите-учесници на настанот.

ОкоБоли главаВицФото