Винтиџ сликовници: Алиса во земјата на чудата од Марџори Тори

25.05.14 11:04

Илустрирањето на „Алиса во земјата на чудата“ е посебен предизвик за многу уметници. Од една страна, тука се слободата и широкиот простор што ги нуди раскошната имагинација на Керол, а од друга е притисокот да се одговори достојно на задачата на која се нафатиле илјадници други луѓе. Од морето уметници и илустратори, ја издвојуваме американската уметница Марџори Тори и нејзините илустрации на „Алиса во земјата на чудата“ од 1955 година.

Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com