Сите мои домаќини: пат околу светот со помош на CouchSurfing

23.06.2014 11:08
Сите мои домаќини: пат околу светот со помош на CouchSurfinga

Заедницата CouchSurfing во моменотв брои повеќе од шест милиони членови ширум светот, а сите тие се обединети под една иста идеја: да се овозможи бесплатно сместување за патниците и намерниците, оние со ограничен буџет или едноставно за туристите кои сакаат да го почувствуваат духот на некое место со помош на домаќините и локалните жители.

CouchSurfing забранува плаќање и наплатување на сместувањето, а корисниците можат да се договорат и само да одат на кафе, за да може домаќинот поблиску да им го претстави градот во кој престојуваат.

Корисниците на интернет страницата CouchSurfing се активни во повеќе од 100.000 градови ширум светот, а постои тенденција мрежата да се прошири.

Фотографот Габриеле Галимберти, и самиот корисник на CouchSurfing, во својот дом во Тоскана угостил неколку десетици патници, а потоа одлучил да пропатува низ светот и да ги фотографира своите домаќини на сите меридијани. Галимберти патувал ширум планетата цели 19 месеци, а резултатот од неговото патешествие е серијата фотографии CouchSurfing, која претставува најразлични луѓе кои го угостиле во Малезија, Австралија, Украина, Сенегал, Тајланд, Италија, Мексико, Етиопија, Исланд, Кина, Камбоџа, Танзанија, Бразил, Норвешка...

„Кога сите луѓе на светот би биле кауч-сурфери, планетата би била подобро место за живеење!“, вели Галимберти.

Подолу можете да ги погледнете домаќините кои го угостиле овој фотограф преку мрежата CouchSurfing, чиишто портрети зборуваат и за културните сличности и разлики на луѓето од сите пет континенти.

Извор: www.gabrielegalimberti.com

ОкоБоли главаВицФото