Амазонки

16.07.2014 15:02
Амазонки

АМАЛГАМ

-По дефиниција, прилично сложен

Небото од човекот и Бог создава катаплазма за да ги поправи сите наши несовршености. Тие две природи беа, како во некој аван, здробени и помешани во утробата на Девицата, додека Светиот дух послужи како алат со кој од состојките се направи најдобар амалгам.

Свети Бернар (Saind Bernard, 1091-1153, Дела (Oeuvres), издание 1960.

АМАЗОНКИ

-Нивната психологија

Забележав дека повеќето жени кои добро владеат со вештината на јавање, речиси воопшто не поседуваат нежност. Како и Амазонките, и ним им недостасува една дојка, а срцата им се стврднати на едно место, не знам точно кое.

Оноре де Балзак (Honoré de Balsac), Лилјан во долот (Le sys dans la valée), 1835.

АМАЗОНСКИ ИНДИЈАНЦИ

-Еден црковен великодостојник го напишал следното по повод застрашувачките услови за работа во рудниците

Не негираме дека рудниците однесуваат значаен број Индијанци, но причина за тоа не е работата која ја работат во рудниците за сребро и жива, туку развратот во кој живеат.

Цитирал Едуардо Галеано (Eduardo Galeano), Отворените вени на Латинска Америка (Las venas abiertas de America latina), Монтевидео, 1976.

АМБРОЗИЈ (Свети)

-Алегорија

Не може да се негира дека Свети Амброзиј во својата книга За ное и арката покажува исклучително лоша смисла за алегорија, говорејќи дека вратата на арката била во вид на фигурата на нашиот задник низ кој излегува измет.

Волтер (Voltaire), Филозофски речник (Dictionnaire philosophique), поглавје „Фигури“, 1765.

АМЕРИКАНЦИ

-Колку вредат

Американците се перфидни, непостојани, нелојални, развратни и црномурести.

Жоан Таксилус (Joannes Taxillus), Физиогномија во полн сјај (La Physiognomie en splendeur), 1608.

-Кои се тие

[...] Американците од САД се нецелосно вкрстени Англичани, односно Евреи.

Луј Мартен (Lous Martin), Дали Англичанецот е Евреин? (L'Anglais est-il un Juif?), 1895.

-Легенда за големите деца

Така Американците, како несвесни деца кои живеат од денес за утре, се лишени од секаква промисленост и повисоки намери.

Фридрих Хегел (Friedrich Hegel), Географската основа на историјата на светот (Geographische Grundlage der Weltgeschichte), 1830.

-Како да се однесувате со црните офицери

Француските офицери треба да избегнуваат претерано интимизирање со црните офицери (Американци), со кои може да се биде коректен и љубезен, но кои не смеат да се третираат исто како и белите офицери, бидејќи тоа длабоко ги навредува овие. Сон нив не треба да се дели маса, а треба да се избегнува и ракувањето, како и неслужбените посети.

Полковник Линар (Linard), допис до француските офицери кои се повикани да командуваат со црните американски трупи, Официјален журнал (Journal officiel), 26 јули 1919.

АМФИБИЈА

-Пример и дефиниција

Китовите, тие колоси на создавањето, се цицачи како нас. Тие се амфибии, односно можат истовремено да живеат и во вода и на воздух.

Le Petit Marseillas, 30 мај 1926.

АМПУТАЦИЈА

-Сè подобро и подобро

Со господинот Мезонев кој го зазеде местото во Академијата на науки, треба поодлучно да влеземе во науката. Способниот доктор не се задоволува со едноставни и пластични студии...

Господинот Мезонев има намера да усвои еден сосема поинаков систем. Го нарече: Нов метод на ампутирање на екстремитетите. Неговата програма првенствено содржи во себе нешто смирувачко и утешно за несреќниците кои се принудени да се подложат на науката и вештината на хирургот: „Нема повеќе ножеви, ножици, ниту подврзување за да престане крварењето!“ Па како тогаш се прави тоа? Се кршат и откинуваат екстремитетите кои е неопходно да се отстранат од телото. Докторот веќе има искуство, како најдобар од сите докази и препораки: пет ампутации на нозе, една ампутација на подлактица. Сите интервенции завршиле добро. Морам да додадам дека пациентите, подложени на овие страшни операции, биле под дејство на хлороформ.

Шарл Дарже (Charles d'Argé), Le Monde illustré, 8 мај 1858.

АНАЛИЗА

-Еден убав пример за аналитички дух

Ако видиме мравка како на неколку метри од мравјалникот бара нешто, да и’ дадеме трошка храна. Што ќе направи инсектот кога ќе ја земе таа трошка?

Општ случај: Мравката, иако тетеравејќи се, без двоумење тргнува во јасно одреден правец.

Редок случај: Силно кривејќи се и понатаму оди во одреден правец.

Многу редок случај: Мравката неколку пати се свртува околу својата оска, се двоуми, а потоа тргнува во одреден правец.

Виктор Корнец (Victor Cornetz), Истражувања и патувања на мравките (Les Exploarations et les voyages des fourmis), Париз, 1914.

Извор: DICTIONNAIRE DE LA BÊTISE et des erreurs de jugement, Editions Robert Laffont

Слики: Ralph Pugay

Слични содржини

Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста

ОкоБоли главаВицФото