Девојка сфатила дека има што да облече

17.07.2014 08:52
 Девојка сфатила дека има што да облече

Скопје, 17 јули 2014

Марина Петреска, економистка од Скопје, вчера наутро во својот плакар со леснотија нашла што да облече, со што станала прва припадничка на поубавиот пол која сфатила дека нема недостиг на гардероба.

Дека случајот на Марина е единствен, потврдува и фактот дека утрово констатирала дека има адекватна гардероба и за на работа, како и за вечерашното излегување со својот свршеник Петар.

„Спремајќи се за на работа, го отворив плакарот и ми се допадна сè што видов во него. Помислив дека имам изненадувачки убава гардероба и многу работи. Неколку минути само стоев и се восхитував на таа глетка, сфаќајќи дека некое време нема потреба да купувам ништо“, открива Марина.

Ова откритие толку ја возбудило Петреска, што цел ден на своите колешки им зборувала само за тоа, а тие ја слушале со неверување, повеќепати повторувајќи дека тие навистина немаат што да облечат.

Свршеникот на Марина изјави дека е среќен што ова се сучило, и дека со месеци ѝ зборувал дека има мноштво комбинации кои може да ги облече за секоја прилика.

„Секогаш моите коментари доведуваа до жестоки кавги и солзи. Марина секогаш ми велеше дека јас сум маж и никогаш нема да ја разберам. Се надевам дека ова ќе доведе до тоа во иднина да не ја чекам по два часа да се спреми пред секое излегување, и дека при спремањето нема да фрла парчиња облека низ станот, да вика хистерично и да плаче, како што правеше до сега“, се надева Петар.

Извор: www.njuz.net