Ајдееееееееееееее, и Шиповиќ ли ојде бе луѓе?!?!

17.07.2014 11:25
Ајдееееееееееееее, и Шиповиќ ли ојде бе луѓе?!?!

Аман бе луѓе бе?!?! И Шиповиќ ли успеаја да го земат во свои редови?! Прво го измалтретираа добро и го уплашија добро и сега човекот е очигледно скршен и ќе гласа за одлуките на ДПМНЕ?! Ова е невиден пресврт, луѓе мои!!!

Просто е неверојатно колку е ДПМНЕ безмилосно! Просто е неверојатно колку се Грујо и бате Саше одлучни, истрајни, упорни, безмилосни во своите планови да си ги истераат замислите, па без разлика што им се испречува пред патот! Не фермаат ни луѓе, ни судбини, ни човечки права и чувства, ни волја на 50 илјади народ во Центар, ни демократија, ни право, ни норми, ни меѓународен углед на државата, ни ништо бре, НИШТООО!!!

После ова со Шипо, со право опозиционерите треба да се уплашени за судбината на опозицијата. Па овие бре можат да придобијат СЕКОГО И СÈ! Овие можат да го предомислат со правилна стратегија и поткуп и заплашување и самиот лидер на СДСМ и ЛДП и НП и ЛП, за овие нема црвена линија, нема лимит, нема плафон, нема нешто што не се може!

За овие бандити и политички насилници и олоши од режимот очигледно важи онаа бугарската, што цело време ја повторува во своите емисии Васе Хефтов, „Сè што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари“, а овие нашиве и додадоа на изрекава и „плус неколку стапови по грб и зандана“.

Јас сум атеист, ама господ нека ни е на помош, нашата опозициска судбина станува од лоша полоша, како некој баталјон заглавен без муниција во прашумите на Виетнам сме, сè е против нас, а и конзервите ни се при крај...

Извор: Мактел, 16.07.14.

Слика: Свирачиња