Во студентските домови слободни места за 5.956 партиски членови

18.07.2014 12:31
Во студентските домови слободни места за 5.956 партиски членови

Скопје, 18 јули

Во претстојната учебна година 2014/2015 во студентските домови во земјава ќе можат да се сместат 5.956 партиски членови и членови на подмладоци на партии, соопшти Министерството за образование и наука.

Студентите што ќе се пријават на конкурсот треба да пополнат електронска пријава за членување во некоја од владејачките партии, поставена на веб страницата на министерството.

Студентите кои ќе конкурираат за прием, може да членуваат само во една партија. На оние лица што се пријавиле повеќе пати, од различни партии, за валидна ќе им се смета последната партија во која членувале.

Од Министерството за образование информираат и дека доколку по објавувањето на конечните списоци со примени партиски членови по студентските домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување по партии ќе продолжи сè до пополнувањето на домовите.

Извор: kozanostra.net