Пациент одбил да биде опериран бидејќи никој не му побарал мито

21.07.2014 07:38
Пациент одбил да биде опериран бидејќи никој не му побарал мито

Скопје, 21 јули 2014

Благоја Димитровски (72) од Скопје, одбил да биде опериран на Институтот за онкологија, бидејќи никој не му барал пари за зафатот, дознава редакцијата на Пара вести.

Димитровски е долгогодишен пациент на онкологија, со дијагностициран рак на простата, и по последната хемотерапија е упатен на хируршкото одделение на Институтот.

„Конзилиумот утврди дека Димитровски ги исполнува сите услови за операција, и треба да биде на програма следниот понеделник. Операцијата треба да ја направи познатиот уролог д-р Касаповски“, раскажува за Пара вести директорот на Институтот за Онкологија, д-р Месарев.

Според неговите зборови, сите хируршки зафати во оваа установа ги покрива Фондот, никој од вработените не му побарал на Димитровски пари за операцијата, а прогнозите се навистина добро бидејќи пациентот нема метастази.

„Не сакав да одам на операција, бидејќи никој не ми кажа колку треба да платам. Сите кои беа со мене на терапија раскажуваа дека им барале пари, што не беше случај со мене. Ја одбив операцијата, бидејќи се плашам дека нема да биде направена како што треба, иако спремив доволно пари и за хирургот и за анестезиологот“, вели Димитровски.

Тој се плаши дека пречка за стручниот тим од Институтот да ја каже вообичаената цена за операцијата која му претстои е фактот што и самиот Димитровски со години бил вработен во Институтот.

„Дури кога ќе имам третман како сите останати пациенти, ќе се согласам да бидам опериран. Нагласувам, спремив доволно коверти за целиот тим, како и виски за директорот на Институтот. Само нека кажат колку и кому да платам, па одам под нож“, објаснува Димитровски.

Извор: www.njuz.net
Слика: Ronald Haber