(18+) Осум години економска преродба во Македонија

23.07.2014 09:36
(18+) Осум години економска преродба во Македонија

По осум години економска преродба во Македонија еве неколку кратки опсервации за тоа до каде сме.

Креирај слободни индустриски зони за странските инвеститори во кои нема да плаќаат даноци, а државата ќе им субвенционира пензиско и здравствено осигурување и инфраструктура. Дупката во ПИОМ покривај ја со задолжување.

Класифицирај ги како тајна сите документи за субвенционирање на странските инвеститори во ТИЗ. Што има јавност или пратениците да знаат колку реална субвенција имаат добиено Дрекслмаер или Ван Хол за да работат кај нас! На домашен инвеститор не му го враќај ДДВ-то до 3 години!

Донеси законодавство за да не плаќаш данок на профит како странски, но не и како домашен инвеститор.

Субвенционирај му го на ВИЗ АИР годишниот профит. Прогласи го потегот како голема владина победа (ова ме потсеќа на Air Serbia, која е прогласена за успешна фирма, а за една година има 47 милиони евра долг кон Белградскиот аеродром).

Лансирај генијална реформска идеја Македонија да стане даночен рај како Кипар или Белизе! Зашто парите од криминалот во Европа треба да се перат баш кај нас во Македонија! Македонија Кипар и Белизе да е!

Промовирај ја Македонија како конкурентна земја, ама по плати. (Биди ѝ конкурентен на Индија со 8.100 ден минималец кој странските инвеститори им го плаќаат на вработените. Не важи минималецот за шивачите од Штип).

Донеси го Субрата Рој. Презентирај го како успешен инвеститор! Потоа нека земе кредит од Стопанска банка да купи хотел во Охрид. Дај им македонски пасоши на синовите на криминалецот Субрата. Земи ѝ го земјиштето на МПЦ во Охрид, зашто си вистински демохристијанин. Зашто, нели, Субрата не е уапсен за проневера во Индија и треба да гради во Охрид!

Подели земјоделски субвенции од170 милиони за оваа година (меѓу кои и на кумот на твојот братучед во висина од неколку милиони евра годишно и на неколку твои партнери од коалицијата). Прогласи ги субвенциите како голема земјоделска победа ! Преќути дека секоја година се зголемува увозот на земјоделски производи!

Креирај намалување на приходите по однос на пензиски и здравствени придонеси секоја година во ПИОМ. Преќути дека следната година дупката во ПИОМ ќе биде 310 милиони евра, а годината по таа 350 милиони евра! Ротирај го успешниот министер чијшто број се наоѓа на прислушкуваните листинзи дека местел инвалидски пензии затоа што пензионирал „инвалидски“ 700 членови од партијата!

Исели 230.000 граѓани како резултат на економската миграција. Терај деца да ја пеат „Излези момче“ додека 40.000 граѓани земале бугарски пасоши и излегле, ама надвор од државата! За фала дигни споменик на Тодор Александров. Нормално, прогласи го за најголем Македонец. Прави се наудрен дека постои документација во Бугарскиот државен архив за неговите македонски дела и потфати!

Изгради скоро 5 километри автопат! Новиот што конечно реши да го градиш нека биде најскап автопат по километар во цела Европа! Кешот од Актор вади го на рака и пред избори!

Еби им мамата на сите педери и грчки предавници #јер нема како да го скриеш дебаклот од преродбата!

via@EmilitoAtanez

Слика: Jittagarn Kaewtinkoy