Здружение на теоретичари на заговори ја разоткрило својата организација

24.07.2014 10:25
Здружение на теоретичари на заговори ја разоткрило својата организација

Скопје, 24 јули 2014

Првото официјално македонско здружение на теоретичари на заговори „ЗаГоВоР“ е распуштено по само три дена постоење, откако членовите успешно ја откриле вистинската причина за постоењето на оваа организација и потоа ја оневозможиле нејзината понатамошна работа.

Како основна причина за формирањето на едно вакво здружение на овие простори членовите ја наведуваат потребата на македонскиот народ конечно да му се открие вистината за светската влада од сенка која веќе со години го подрива нашето македонско битие.

„Ова е прв обид теоретичари на заговори кои работат на различни проекти на разобличување, од лековитите чаеви, преку отровните траги од авионите со кои светските моќници нè трујат, па сè до обидите да се открие тајното оружје на Никола Тесла – а тоа се само неколки примери - да се здружат заради подобро и поефикасно делување на сите полиња. Проблемот настана која уште на првиот собир започна дискусија околу тоа кој навистина стои зад нашето здружение“, вели Сашо Конспировски, сега веќе поранешен член на ова здружение.

Припадниците на ова некогашно друштво по само три дена успеале да дојдат до повеќе различни теории за вистинската позадина на сопственото конспиративно друштво и успешно да се разобличат самите себе. Некои од теориите за кои има основани сомненинја дека се точни ја вклучуваат и масонската ложа од Долнени, Јосип Броз Тито кого еден од членовите го видел во дискотеката Сектор, но и остатоците од вселенски брод најдени во атарот на селото Ваташа.

Иако здружението повеќе не постои, неговите членови најавуваат понатамошна соработка во неформален облик, со цел да докажат дека повеќето порази на македонската фудбалска репрезентација се всушност местенки.

Извор: www.njuz.net