Тито лично

24.07.2014 20:22
Тито лично

Музејот на историја на Југославија во Белград денес беше преполн со туристи кои дојдоа да ја разгледаат институцијата во која се чува споменот на долгиот период на владеење на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Меѓутоа, заинтересираните кои сакаат да дознаат повеќе за неговиот приватен живот, за тоа како живеел Маршалот, во што уживал, како изгледал еден негов ден, што облекувал... можат да ја посетат Куќата на цвеќето, која е составен дел од Музејот на историјата на Југославија, каде е приредена новата постојана поставка насловена како „Тито лично“.

Изложбата претставува повеќе предмети кои Јосип Броз Тито најчесто и најрадо ги користел, а авторите на поставката ги интересирало каков бил Тито приватно и како државничките активности влијаеле на неговото слободно време и создавањето на култот на личноста.

Бидејќи е невозможно да се разграничи личниот и јавниот живот на влијателните државници, изложбата тематски е поделена на пет целини: Човек со стил, Средби, Патувања, Хедонизам и Другар Тито, ние ти се колнеме.

Изложени се 61 предмет, како и 128 штафети кои на Тито му ги подарувале на 25 мај. Меѓу експонатите има и некои од цилиндрите кои Јосип Броз Тито ги носел, костуми, чевли, но и детали по кои бил специфичен, како што се очилата, запалките, бидејќи бил пушач, игли за вратоврски и друго.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото