Фотографи(и)

25.07.2014 08:49
Фотографи(и)

Анита Спасоска

Изложбата со наслов „ФОТОГРАФИ(И)“ на Драги Неделчевски, отворена на 22 јули во Галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка Скопје, се состои од 40 црно-бели фотографии – портрети од фотографи кои авторот ги фотографирал додека тие го фотографирале него.

Фотографиите (со мали исклучоци) се направени последниве 4 години (2010 – 2014). Во време на разни его трипови, за оваа изложба, на прв поглед, може да се помисли дека е уште еден „его трип“, овојпат на авторот Драги Неделчевски. Фотографот ги фотографира своите колеги, додека тие го фотографираат него.

Но, под маската на уште една егоцентрична ескапада можеби се крие материјал за идните истражувачи на феноменот на фотографијата (ова ќе биде вреден материјал за некој иден фото-археолог во Македонија). Кои биле фотографите, (познати или не на авторот), кои фотографирале во почетокот на 21-от век во Македонија и регионот? Со какви фотоапарати, (техника), се фотографирало? Каков бил односот на фотографите кон чинот на фотографирањето? Ова се нешта кои често не се забележуваат. Најмногу затоа што фотографот најчето е скриен и се гледа само фотографијата што тој ја снимил. Ова е можност да го видиме фотографот во главна улога. И можност да видиме 40 портрети кои ги поврзува едно нешто: моментот на фотографирањето.

Давор Спасоски

„Во фотографијата нема ('мали' и 'големи' теми, идеи или настани вредни за фотографирање. Пред некое време предизвикав на фотографски двобој десетмина (сопственици на фото апарати) - фотографи. Сакав да видам како на фотографија изгледаат луѓето што фотографираат. Кога ги 'развив' фотографиите во мојата светла комора, во најмала рака бев воодушевен! Продолжив да ги фотографирам фотографите во моментот кога тие ме фотографираа мене. Една наизглед попатна фотографска 'зезанција', ме награди со прекрасни портрети, мали студии на човекот позади фотоапаратот. Нивните изрази, моментот на концентрација, чудење или воодушевување, дури и нивниот 'алат' - се нешто што би можел да го гледам со часови“, вели Драги Неделчевски.

Славчо Спировски

Изложбата е организирана во рамките на Скопско лето 2014 од Дирекцијата за култура и уметност - Скопје и Деновите на македонската фотографија на Фото сојузот на Македонија, а ќе биде отворена до 31 јули.

Калуѓерка

Маргрит Шенкер

Крунослав Бељак

Марија Тодорова

Шкељзен Малиќи

Сашко Илов

Мавровка

Росица Лазеска

Немања Чабриќ

Атмосферата на отварањето на изложбата:


Фото: Ивана Настевски

Фото: Фото: Ивана Настевски

 

Фото: Зоран Шекеров

Фото: Зоран Шекеров

Фото: Зоран Шекеров

Фото: Ивана Настевски

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Фотографија
Општество / Активизам / Јавни простори / Фотографија
Општество / Активизам / Јавни простори / Фотографија
Фотографија / Култура / Настан
Фото

ОкоБоли главаВицФото