Наместо да честитате и аплаудирате вие критикувате, бре, мамето ваше неспособно, кловнови едни!!!

31.07.2014 10:48
Наместо да честитате и аплаудирате вие критикувате, бре, мамето ваше неспособно, кловнови едни!!!

Читам на Плусинфо како ме критикуваат од ЗНМ и просто не ми се верува. Пред тоа критики стигнаа од останати новинари од Нова ТВ и од Слободен Печат. Неверојатно!

Наместо да аплаудираат и да честитаат затоа што ни успеа да фатиме и разголиме пред очите на целата јавност еден хохштаплер кој гласа во собрание за тоа како ние да го живееме нашиот живот, го внесува во устав бракот а самиот не го почитува, човек кој си ја мами жената, мајката на своите деца и тоа го прави со службен телефон од собраниски простории, од сред комисија во собрание иако е платен со дневница за да работи за народот, а не да договара секс со пичиња во Скопје, овие кловнови од новинари од Нова, Слободен Печат, Плусинфо и од ЗНМ распалија по мене затоа што сум се однесувал неетички?!

Што е неетички, бе, мунгоси едни неспособни?! Па новинарите на А1 и Алфа кога вртеа телефони по партиските комитети на ДПМНЕ за да ја откријат фантастичната сторија т.е. афера со партиските списоци, тие нели се претставуваа лажно?! Па на никој тогаш не му паѓаше на памет, освен на Миленко и Јанко, да се буни зошто новинарките Сашка и Наташа се претставувале лажно. Сите им честитавме и аплаудиравме и со право тие добија награда за најдобра новинарска сторија. Сега што е различно?!

Да не е различно тоа што во случајов новинарот е Саше Политико со кој вие не сте во добри односи затоа што он многу таласа, не ве поштуе и не е од Скопје, туку е гласно вулгарно пркосно селанче, па вие сега ќе го дупите затоа што не е од вашиот тим?!

Па путка ли ви бре мајчина, имате ли бре грам памет што пишувате и зборите? Ние се бориме против режим против кој СÈ Е ДОЗВОЛЕНО затоа што тој режим користи СÈ ШТО МУ Е НА РАСПОЛАГАЊЕ ПРОТИВ НАС! Тие користат судови, затвори, казни, ни кратат пари, СРД е против нас, АЕК е против нас, ни затвораат медиуми, нè тужат, не ни доаѓаат во емисии, нè сотреа, а вие ме критикувате затоа што не сум бил етичен кон ова партиското мало преварантче и мангупче?!

Абе за да ги разголиме ние во Мактел планираме во наредниот период да се маскираме во ходечи грмушки, перики ќе ставаме и ќе носиме штикли, ќе ги следиме како папараци овие бандитиве од ДПМНЕ за да ги уловиме во правото светло, за да види народот каква лопужана, каква багра, какви апашишта и каква стока е тоа!

Штета е што се малку такви лудаци новинари како мене, инаку ДПМНЕ одамна ќе паднеше од власт. Со вас колеги, ДПМНЕ ќе владее уште сто години, мамето ваше идиотско ненормално!

Извор: Мактел, 30.07.2014.
Слика: Свирачиња