Ко челик сме ние - марш на Третата македонска бригада

02.08.2014 11:16
Ко челик сме ние - марш на Третата македонска бригада

Претставуваме стара снимка од песната „Ко челик сме ние“, која е марш/химна на Третата македонска бригада. Настапот е изведен на приредбата одржана на 27 ноември 1975 година во Големата сала на Домот на синдикати во Белград.

Приредбата е посветена на 30-годишнината од ослободувањето на Југослаија, победата над фашизмот и Денот на Југословенската народна армија.

Песната ја исполнуваат војниците од скопската касарна „Маршал Тито“, членките на групата Коста Рацин и младинките од Средното музичко училиште и Педагошката академија во Скопје.

Марш на Третата македонска бригада

Ко челик сме ние со Титови сили
Стив Наумов стои пред нас като штит,
Карпошова злоба тече во нашите жили,
Бригадата наша ко чекан е свит.

Низ планини стрми,низ бурите снежни
Апостолски беше првиот на пат,
Со Титовска љубов на очите мрежни
Н
è бодреше Темпо,наjмилиот брат.

Беласица стара вечна ќе си спомни
За нашата тврдост след одлучен час,
За хероjска борба, за подвизи горди
Брегалница сведок ќе ни пои.

1944

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото