Подигнале воз за да спасат патник

09.08.2014 09:46
Подигнале воз за да спасат патник

Неколку стотици Австралијци во средата на железничка станица во Перт со здружени сили го кренале возот за да спасат еден од патниците чијашто нога била заглавена помеѓу платформата и вагонот.

Патникот се спремал да влезе во возот, но се лизнал и ногата му се заглавила во процепот од неколку сантиметри меѓу вагонот и станицата.

Останатите патници добиле наредба да влезат на другата страна од возот, за да се направи поголем простор од нивната тежина и патникот да може да ја извлече ногата. Откако тоа не успеало, сите патници излегле од возот и се распоредиле по должината на вагонот за да го туркаат.

Тие успеале да го помрднат и занишаат цел вагон и така патникот успеал да ја извлече ногата по десетина минути. Откако на лице место му била укажана прва помош, патникот потоа сам го продолжил патувањето.

Подолу можете да погледнете и видео снимка од овој извонреден пример на солидарност.

Извор: beta.rs