Цртежите на Кирчо Арсовски

14.08.2014 13:45
Цртежите на Кирчо Арсовски

Кирчо Арсовски пред сè е познат како фронтмен на групата Т.Б. Трачери (гитарист, вокалист и главен автор на текстовите и песните), бенд кој свири препознатлива мешавина на панк, гаражен рок и рокабили.

Она што е помалку познато за Арсовски е дека тој е креативно ангажиран на повеќе полиња: тука се неговите драми, колумни, како и бројните цртежи.

Во оваа прилика претставуваме 11 цртежи на Кирчо Арсовски, кои датираат од 1990-тите години. Фановите на Т.Б. Трачери во нив лесно ќе ги препознаат морбидноста и циничноста на овој автор, како и експлицитната еротичност и сексуалност кои провејуваат во текстовите на споменатиот бенд.

Сродна статија: Прашалник за Кирчо Арсовски

Извор: Маргина #41