Совесна ебола се вратила од граница откако го прочитала флаерот на Тодоров

14.08.2014 14:47
Совесна ебола се вратила од граница откако го прочитала флаерот на Тодоров

Скопје, 14 август 2014

Совесна ебола со потекло од Африка се вратила во својата земја откако на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид го прочитала едукативниот флаер на Министерството за здравство.

Жива среќа што флаерот е испечатен и на англиски јазик, па еболата можела детално да се информира за можните штетни последици кои би ги предизвикала по населението кога би влегла во нашата земја.

По оваа случка, повеќе западни земји се обратија до Република Македонија со молба и тие да го користат флаерот на нивните аеродроми за да може фикасно да се отстрани опасноста од влегување на еболата во нивните земји. Иако копирајтот за флаерот е целосно во сопственост на Македонија, не е исклучено на ваквите барања да биде одговорено позитивно и флаерот без некој голем надомест да биде отстапен за користење и на други земји.

Единствено што ги загрижува надлежните од Министерството за здравство е дилемата дали секоја ебола ќе биде толку совесна самата да се врати од граница, или можеби треба да се воведе уште некоја мерка. Најверојатно ќе биде испечатен уште еден флаер кој еболата ќе ја предупреди за можноста министерот Никола Тодоров и нејзе да ѝ стегне тужба како на нејзината далечна роднина листеријата, што се очекува да ја зголеми рапидно совесноста кај еболата.

Извор: kozanostra.net