За имбецилноста на дежурните антиамериканци

15.08.2014 12:34
За имбецилноста на дежурните антиамериканци

Многу ми се интересни дежурните антиамериканци. Како едвај да го дочекаа апсењето на новинарите и полициската бруталност кон нив во Фергусон, за (пак) да им се нафрлат на домашните медиумски експерти, на невладините, на активисите, на слободните новинари, барајќи од нив да се справат со ситуацијата во Мисури.

Само ќе ги повикам да видат како реагира американската јавност кон настаните. Речиси нема медиум, лев, десен, републикански или демократски настроен, либерален или конзервативен, кој не извести за апсењето на колегите и не го осуди настанот.

А потоа, нека се потсетат како тие реагираа и известуваа кога полицијата влегуваше во А1, кога се затвори оваа телевизија и три весници, кога се апсеше Кежаровски, или неодамна кога полицијата малтретираше новинари во Ѓорче или апсеше новинар на протестите во Чаир и на Бит Пазар.

И оттука натаму сè е јасно. Разликата меѓу американското општество и јавност и нашата тажна јавност и реалност, како и менталниот капацитет на овие слуги на режимот, за кои, замислете, и за тепачката во Њу Орлеанс не се виновни братските коалициски сили на нивните патрони и шефови, туку невладините и активистите кои со години се трудат таа чаршија и тој соживот навистина да заживее.

Одамна изгубив надеж дека таквите можат да се оправат. Мојата борба е со нивната смрдеа, не сакам да дозволам и ќе се борам дури имам душа таа смрдеа да не завладее со преостанатото граѓанство на Македонија кое сè уште не е затруено од оваа имбецилна пропаганда.

Секако, искрено се надевам дека Америка ќе најде начин најправилно да го адресира гушењето на медиумските слободи во Фергусон, и да ги реафирмира своите традиционални позиции по ова прашање. Секаков друг исход ќе им даде крилја на имбецилите ширум светот да удрат по новинарите и слободата на истражувањето и информираето. А имбецилите, не само кај нас на Балканот, туку и во многу други земји кои не можат да се пофалат со таква јавност и демократска традиција, знаат да бидат далеку покреативни во имбецилноста од џандарите во Фергусон, нели, глупите Американци.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото