Најдобрите патувачки фотографии од 2014

15.08.2014 13:52
Најдобрите патувачки фотографии од 2014

По неколку месеци уживање во извонредните прилози од конкурсот на National Geoographic за најдобра патувачка фотографија, време е да се прогласат победниците! Од пристигнати 18.000 фотографии од фотографи од целиот свет, Марко Корошец ја освои големата награда за неговата извонредна фотографија од една драматична бура. „Колку прекрасна структура создадена од Мајката Природа и опасна во исто време. Решив да конкурирам со оваа фотографија бидејќи изгледа некако надреално и побудува чувство дека сме малечки во однос на природата“, вели Корошец.

Директорот на фотографија на National Geopgraphic Traveler, еден од годинешните судии, ги споделува своите впечатоци за првопласираниот:

„Победничката фотографија на облакот над полето во источно Колорадо ја запре потрагата на членовите на жирито. Кога првпат ја видовме сликата претпоставувавме дека фотографот веројатно посветил многу време бркајќи бури, за да ја направи оваа неверојатна сцена. Но, она што ја прави фотографијата особено силна е што освен облакот, останатиот дел од сцената е прилично обичен. Лудиот облик на НЛО дава впечаток дека ќе го вшмука пејзажот како правосмукалка. Непоколебливата тензија во сликата прави да сакам да ја гледам одново и одново.“

Подолу ги претставуваме најдобрите три фотографии, како и седумте кои беа вклучени во потесниот избор и беа пофалени.

1. Денот на независноста

Место: Џулсбугр, Колорадо, САД

Додека бев на експедиција која лови торнада во САД, забележав многу фотогенични бури. Ја направив фотографијата додека се приближуваше една бура во близина на Џулсбург, Колорадо, на 28 мај 2013. Беше дадено предупредување дека веројатно станува збор за торнадо, но останав таму уште еден час. Сепак, сите тие кругови не предизвикаа торнадо, само паѓаше град и дожд.
Автор на фотографијата и коментарот: Марко Корошец

2. Меа Шеарим, Ерусалим, Израел

Место: Меа Шеарим, Ерусалим, Израел

Меа Шерим, ултра-ортодоксниот кварт на Ерусалим. Штотуку венчаните Арон и Рикве првпат ќе бидат сами по свадбената церемонија. Нивниот брак бил договорен од нивните семејства. 18-годишниците се сретнуваат еднаш за да го потврдат иборот: од тогаш, имаат забрана да се сретнат, па дури и да зборуваат.
Автор на фотографијата и коментарот: Агниешка Трачевска

3. Нуркач во Магичното Царство

Место: Гринер Зее, Трагес, Австрија

Зеленото Езеро (Grüner See) се наоѓа во Трагес, Австрија. На пролет топењето на снегот го покачува нивото на езерото за околу 10 метри. Овој феномен, кој трае само неколку недели, ги покрива пешачките патеки, ливадите и дрвјата. Резултатот е волшебен пејзаж за нуркање.
Автор на фотографијата и коментарот: Марк Хенауер

4. Извор на светлина

Место: Стар Баган, Бурма

Млад монах наоѓа совршен извор на светлина за да чита книга во својата пагода во Стар Баган, Бурма.
Автор на фотографијата и коментарот: Марсело Кастро

5. Крајот на светот

Место: Банос, Еквадор

Оваа фотографија, направена „на крајот на светот“ во Банос, Еквадор, претставува човек на лулашка како гледа во вулканот Тунгурахуа кој еруптира. Ерупцијата се случи на 1 февруари 2014 . Неколку минути по ерупцијата моравме да се евакуираме поради облакот од пепел кој наиде.
Автор на фотографијата и коментарот: Шон Хакер Тепер

6. Заслужен одмор во Сахара

Место: Тин Мерзоуга, Тадрат, Национален парк во Алжир

Оваа фотографија на Муса Махер, нашиот водич, е направена во Тин Мерзоуга, најголемата дина во регионот Тадрат во Сахара, јужен Алжир. Муса се одмораше додека чекаше да ја довршиме нашата 45-минутна борба за искачување на врвот. Беа потребни само десетина минути тркалање, трчање и скокање за да се симнеме. Тадрат е дел од националниот парк Tassili N'Ajjer National Park World Heritage area, познат по црвениот песок, гробниците и цртежите на говеда, слонови, жирафи и носорози кои живееле таму кога климата била поблага.
Автор на фотографијата и коментарот: Еван Кол

7. Божествена шминка

Место: Каверипатинам, Тамилнаду, Индија

Фотографијата е направена за време на фестивалот Мајана Сора Тирувижа, кој се одржува секој март во малото село Каверипатинам еден ден по Големата ноќ на Шива. Фестивалот е посветен на Ангаламан, божество-заштитник обожавано ширум јужна Индија.
Автор на фотографијата и коментарот: Махеш Баласубраманијан

8. Дами што чекаат

Место: Бароу Маркет, Лондон, Англија

Додека го истражував Бароу Маркет во Лондон, имав чест да наидам на четири прекрасни жени облечени во старински бели фустани, кои јадеа сладолед додека локалниот продавач ги гледаше. Дали се невести? Или деверуши? Не знам, но очигледно уживаат во некаков посебен ден.
Автор на фотографијата и коментарот: Сузи Стерн

9. Маглив мал град

Место: Чески Крумлов, Јужна Бохемија, Чешка

Оваа фотографија е направена напладне на 25 декември 2013, од замокот кој е сместен на работ на малиот град и има прекрасна панорама врз речиси недопрениот историски град. Маглата која го облева му дава на градот мистериозна димензија.
Автор на фотографијата и коментарот: Дуовен Чен

10. „Коцо“ - мир кај Коленото на Ѓаволот

Место: Jonathan's Lodge, Кахас Нек, Национален парк Селабатебе, Лесото

Кога пристигнавме кај Jonathan's Lodge, нашиот коњ се ослободи од тешкиот товар. На ова место, со целиот попладневен сјај, како можев да не го искористам веселењето на ова величествено суштество?
Автор на фотографијата и коментарот: Бајрон Ингс

Извор: www.mymodernmet.com

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија
Фотографија / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото