МПЦ одобри венчавање на левораките парови

18.08.2014 11:19
МПЦ одобри венчавање на левораките парови

Скопје, 18 август 2014

Синодот на МПЦ денес одлучи да ја одобри церемонијата на венчавање на парови составени од двајца левучари од почетокот на следниот месец, дознаваат Пара вести.

Иако црквата долго се противеше на „бракот на левите“, како што погрдно ги нарекуваше, сметајќи дека таквите церемонии „водат кон судниот ден“ и дека децата на левораките и самите ќе станат левораки, до оваа одлука дошло за МПЦ да им се приближи на своите верници кои го користат погрешниот екстремитет.

„Беше крајно време и Македонската православна црква да ги прифати левучарите во своето стадо“, вели извор близок до МПЦ.

Одлуката на МПЦ е донесена веднаш откако бракот со устав се дефинираше како заедница на еден маж и една жена, а прашањето околу тоа која рака ја користат брачните партнери остана да виси во воздух.

„Мислам дека е донесена вистинската одлука, но имам разбирање за оние кои веруваат дека таа е донесена пребрзо“, вели свештеник од МПЦ.

Црквата уште пред да биде донесено ова правило беше отворена за регистрација на заедница на левучари, но истакна дека терминот „венчавка“ ќе го задржи исклучиво за браковите на оние кои ја користат десната рака.

Одредени свештеници сè уште се противат на легализацијата на левораките бракови, сметајќи ги за спротивни на светите книги, а најортодоксните не го прифаќаат ниту бракот помеѓу лице што ја користи десната и лице што ја користи левата рака.

Извор: www.njuz.net