Кафе-аларм

19.08.14 13:38

Британскиот индустриски дизајнер Џошуа Ренуф со својот оригинален кофеински аларм може да го направи утринското будење попријатно и поубаво. Неговата повеќенаменска машина започнува да прави кафе непосредно пред да се разбудите. Пред да излезете од удобноста на постелата, топло, штотуку сварено кафе ве чека веднаш до креветот.

Машината наречена The Barisieur го олеснува процесот на будењето, заменувајќи го врескавиот аларм со звукот на челичните топчиња и пријатната арома на кафето. За да се намести овој аларм, потребно е само да се наполни малиот сад за млеко, да се додадат шеќерот, кафето и водата и да се одбере посакуваното време на будење. Освен што го разубавува моментот на будење, Џошуа Ренуф смета дека неговата машина го подобрува и ноќниот одмор, затоа што ритуалот на полнење на машината секоја вечер пред спиење на некој начин им дава знак на телото и умот дека е време за одмор и опуштање.

Извор: Designboom

ОкоБоли главаВицФото