Зашто газовите на жените се студени секогаш

21.08.2014 12:51
Зашто газовите на жените се студени секогаш

Еднуш југот и северот се обложиле. Северот рекол:

-Јас све шчо је водно, можам да го замрзнам.

Југот му рекол:

-Јас п’к све што је замрзнато, можам да го одмрзнам.

-Е, ајде да се опитаме.
-Ајде!

Тогај фатил северот, вел, вел и сичко замрзнал. После југот фатил да веит и сичко да топит. Тогај на планина една баба, ко видела оту ќе се стопит сиот мраз, зела под г’с едно парче и го дочувала нестопено.

Сетне се собрале пак југот и северот и фатиле да зборвеет. Сеерот му велит:

-Виде, како замрзнав всичко?

П’к југот му велит:

-Виде п’к ти, јас како стопив всичко?
-Е, ај да видиме!

Одет и го назвет парчето, што беше под г’зот на бабата. Тогај југот се наљутил и је проколнал:

-Да дадеше господ, никога г’зот да не ви се стоплит!

Од тогај веќе г’зоите на жените биле студени.

Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.

Фотографија: Ман Реј

ОкоБоли главаВицФото