Анонимно здружение за духовно обединување на Цирих, Лозана, Слупчане, Зајас и Липково од Арачиново донираше 5 споменици за Скопје 2014

21.08.2014 13:11
Анонимно здружение за духовно обединување на Цирих, Лозана, Слупчане, Зајас и Липково од Арачиново донираше 5 споменици за Скопје 2014

Скопје, 21 август 2014

Ова досега непознато здружение вчера пред советниците од Градот Скопје предложи пет нови споменици за проектот Скопје 2014, а речиси сите советници како попчиња ги прифатија – само еден беше воздржан.

Станува збор за пет масовни сцени опишани во бронза. Првата ќе биде со лидерот на ДУИ и на поранешната ОНА Али Ахмети како седи во фотелја и пуши цигара во затворен простор. Tаа треба да го симболизира непокорот на Ахмети кон Груевски.

Вториот споменик треба да биде на Теута Арифи која во рацете ќе држи едно европско и уште едно албанско знаме додека со штиклите на нозете ќе мести бекатон-плочки во Тетово. Споменик на уште една дама, Ермира Мехмети, ќе го краси велелепниот проект Скопје 2014. Мехмети ќе биде излиена во ситуација како на лаптоп пишува коментар на Фејсбук токму против Скопје 2014.

Спомен oбележје ќе има и за Рафиз Алити и за неговото бејзбол-капче. Тој ќе се постави пред главната пошта во Скопје опкружен со пламени, како ич не му чуе. Последниот споменик ќе биде оној на Артан Груби и ќе се постави веднаш до споменикот на Цар Душан на Мостот „Око“. Груби ќе биде преtставен со чекан во рацете како замавнува по Душана, додека за ѕиври го влече брадестиот Илија Димовски и од карши Силвана Бонева кубе коси.

Извор: fokus.mk

ОкоБоли главаВицФото