Велосипед кој е невозможно да се украде

25.08.2014 09:02
Велосипед кој е невозможно да се украде

Тројца чилеански студенти, идни инженери, дизајнираа велосиепд за кој тврдат дека е невозможно да се украде. Со минималистички дизајн, прототипот на велосипедот со име „Јерка“ неодамна беше претставен во јавноста.

Велосипедот има сопствен систем за заклучување. Имено, самата негова рамка служи како катанец. Треба само да се одврти дел од рамката и повторно да се заврти/заклучи околу бандера или дрво.

Евентуалниот крадец би можел само да ги искрши тркалата, но секако не и да избега со велосипедот.

Студентите Хуан Монсалве, Андрес Рој и Кристобал Кабело се надеваат дека нивниот велосипед ќе почне да се произведува и продава од следната година.

Извор: B92