Грижлив татко го исфрла детето на тераса зашто не сака да го труе со чад од цигари

26.08.2014 13:53
Грижлив татко го исфрла детето на тераса зашто не сака да го труе со чад од цигари

Скопје, 26 јули 2014

Наум Јовчевски, 10-годишник од Пробиштип, секој ден поминува по неколку часови на терасата, бидејќи неговиот татко Зоран не сака да го изложува на чадот од цигари кога пуши.

Зоран, кој е долгогодишен пушач, тврди дека вака го штити синот од лошото влијание кое би можело врз него да го има пасивното пушење.

„Долгогодишен пушач сум и добро знам какви последици може да предизвика овој порок. Пасивните пушачи, ни криви ни должни, трпат во наше друштво. Како одговорен родител се грижам за здравјето на моето дете па се трудам да го заштитам од тутунскиот чад. Затоа инсиситирам Наум секогаш да излезе на тераса кога ќе запалам цигара. Наум со тек на време стана свесен колку е тоа важно за неговиот развој, па штом гледа дека ја земам запалката самиот излегува надвор, без оглед на годишното време и температурата“, објаснува овој грижлив татко.

Зоран е свесен дека родителите претставуваат пример за своите деца, па се труди да биде вистински пример за својот син. Признава дека покрај пушењето има и уште некои лоши навики, но се труди Наум да не трпи поради нив, за да порасне во зрела и одговорна личност.

„Се случува да налетам на некое друштво, да седнеме некаде, да испиеме по нешто, но Наум тогаш цело време е во автомобилот. Не го носам во зачадени кафеани, ниту сакам да гледа како пијам алкохол, бидејќи може да добие впечаток дека тоа е нормално и социјално прифатливо однесување. Понекогаш го испраќам да ми уплати ливче или да купи пиво, но тоа е само кога ептен сум во гужва“, заклучува Јовчевски.

Извор: www.njuz.net