Грус Вом Крампус

27.08.14 15:51

Во европскиот фолклор Грус Вом Крампус е темниот слуга на Свети Никола - влакнесто чудовиште со рогови, со зашилени уши и со долг и алчен јазик. Додека Свети Никола, обично на Божиќ или Нова година, ги дарува добрите луѓе и деца, Крампус ги тероризира лошите.

Во XIX век приказната за Крампус била мошне силна и многумина популарни европски цртачи, на кои не им недостасувало фантазија, изработувале картички и поштенски марки со ликот на Грус Вом Крампус.
Дел од тие мотиви презедовме и ние, за потребите на кампањата за поттикнување на граѓаните да излезат на Изборите 2002 година. Целта ни беше на еден креативен и провокативен начин пред сè да ги охрабриме граѓаните, но и да го преиспитаме широко распространетото сатанизирање на политиката во Македонија. Тоа сатанизирање, според нас, делумно придонесува за пасивноста, дефетизмот и опортунизмот на граѓаните. Тие можат да се надминат доколку отворено се соочиме со нив.

Дизајн: Кома лаб.

ОкоБоли главаВицФото