ДНК анализи покажаа: Секој трет комшија е татко

30.08.2014 09:13
ДНК анализи покажаа: Секој трет комшија е татко

Скопје, 30 август 2014

Најновите истражувања покажаа дека околу 30 отсто од комшиите кои се тестираат добиваат резултат кој го потврдува нивното татковство, макар што во тој процент покрај комшиите треба да се додадат и поштарите, трговските патници и луѓето кои тропнале на погрешна врата, изјави раководителот на ДНК лабораторијата „Влатко Ѓорчев“, Стојко Стојковски.

„При интерпретација на овие статистики не смееме да заборавиме дека тие се однесуваат само на комшиите кои веќе имаат некаква причина да се сомневаат во своето татковство, па затоа и доаѓаат на тестирање“, вели Стојко, додавајќи дека во општата популација тој број е значително помал и изнесува околу десет отсто од оние најупорните.

„Меѓу тестовите на приватно барање, најголем број се извршуваат со идентификација на странките, во процедура која обезбедува дека подоцнежните наоди можат да бидат веродостоен доказ во евентуалната конфронтација со мажот. Утврдувањето на татковството е можно и во бременоста. Тоа се прави во гинеколошките ординации, а процедурата е безбедна за плодот, понатамошната бременост и бракот“, додаде Стојко Стојковски.

На констатацијата на новинарите на Пара вести дека неговиот син од семејната слика има иста коса, очи и облик на главата како Перо водоинсталатерот, кој ја сервисира целата населба во која живее докторот, Стојковски рече дека станува збор за случајност.

Пратеникот и истакнат член на ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, чие име го носи и споменатата ДНК лабораторија, најави дека е неопходно со устав да се дефинира што е комшија, што е водоинсталатер, а што е поштар, за да се зачува светоста на бракот и односот дете-родител, но не откри повеќе детали околу евентуалните уставни измени во таа насока.

Извор: www.njuz.net
Слика: Свирачиња