Лица со телесни проблеми го предизвикуваат бездушниот свет на модата

11.09.2014 10:47
Лица со телесни проблеми го предизвикуваат бездушниот свет на модата

Повеќе жени кои закрепнуваат или сè уште се борат со проблеми поврзани со изгледот на нивното тело, храбро ја соблекоа облеката и застанаа пред камерата во рамки на проектот „What's Underneath“.

Моделката Мелани Гејдос е родена со ретко генетско пореметување наречено ектодермална дисплазија, кое влијае на косата, забите, ноктите и потните жлезди. Таа решила да му покаже на светот како изгледа телото на една личност која се бори со ова пореметување.

„Мислам дека луѓето сметаат дека изгледам многу чудно. Голем број луѓе во светот на модата мислат дека станува збор за некаков трик и многу е тешко“, вели Гејдос.

Проектот „What's Underneath“ пред три месеци го започна модната уредничка Елиза Гудкајнд со својата ќерка Лили Манделбаум. Таа тврди дека пораснала „демонизирана поради зголемената бездушност на модниот свет“.

„Примарната цел на проектот е да се охрабрат луѓето да сфатат дека вистинскиот стил не е условен од парите, трендовите, фотошопираните фотографии или одредени идеали на убавината“, вели Елиза.

Мелани е една од жртвите на модниот свет. Поради многуте фотографии на „убавици“ никогаш не се чувствувала убава. Но, со тек на време станала модел и нашла утеха во тоа.

„Не пораснав во здраво семејно опкружување. Имаше тука многу алкохолизам и злоупотреба“, вели Мелани која уште во младите денови поминала околу 40 операции и не верувала дека ќе го дочека својот осумнаесетти роденден.

Таа го спомена и најтешкиот момент, кога во руските весници прочитала дека е прогласена за една од 25-те најгрди познати личности во светот.

„Никогаш не мислев дека сум убава, но не мислев ни дека сум грда. За мене убавината е чувство или душевна сосотојба“, вели таа.

Мелани посетува училиште за уметност и има момче кое ѝ помага да се „чувствува удобно во својата кожа“.

Во проектот учествуваше и ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, која се бореше со анорексија и зависност. Тука е и Џеки О’Шонеси (62), а учество зеде и Џилијан Меркадо, модна уредничка која има телесна попреченост.

Извор: Daily Mail

ОкоБоли главаВицФото