Мистиката на Аманда Карчијан

13.09.14 12:24

Комбинирајќи ги скулптурата, фотографијата и сликарството, уметницата Аманда Карчијан која живее и работи во Лос Анџелес се обидува да ги изрази сферите на потсвеста и мистичните искуства во физичкиот свет.

Нејзините уметнички експерименти имаат органски и младешки дух,  но истовремено потсетуваат на некакви таинствени ритуали. Таа ја претпочита кожата наместо облеката, изразувајќи ја нежната суровост на интимата, претставувајќи го човекот во неговата најранлива форма.

Во нејзините слики се забележува мистериозна атмосфера со влијание од надреализмот, но и силни бои кои создаваат атмосфера на радост и среќа.

Извор: amandacharchian.com

Слични содржини

Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Наука / Око

ОкоБоли главаВицФото