Тодоров: Има доволно дрога во земјава

15.09.2014 10:20
Тодоров: Има доволно дрога во земјава

Скопје, 15 септември 2014

Нема недостаток на дрога во земјава, тврди министерот за здравство Никола Тодоров. Во јавноста и меѓу зависниците се прави добро осмислена кампања од некои дилери кои сакаат да си ја задржат монополската позиција на пазарот и затоа внесуваат немир дека нема доволно количини наркотици на улиците, смета Тодоров.

Според Тодоров, целата ситуација ќе биде решена откако ќе заврши тендерот за набавка на дрога, кој е во тек. На тендерот ќе конкурираат најголемите светски нарко картели за набавка на најквалитетни наркотици, а тоа ќе ја симне уличната цена на дрогата и ќе доведе до заштеда кај зависниците и уживателите на опојни средства во Македонија, тврди министерот Тодоров.

Од Здружението на рекреативни дрогераши (ЗРД) велат дека нивните резерви на дрога се при крај . Според ЗРД, најважно е зависниците да бидат снабдени, а ситуацијата целосно ќе се стабилизира кога ќе заврши тендерот на министерствата за здравство и за внатрешни работи.

Не се знае точниот број на зависници и уживатели на наркотици во Република Македонија, но се претпоставува дека е голем. Од Министерството за здравство најавија слични акции и во иднина, и им порачуваат на граѓаните да внимаваат и да не претеруваат со користењето опојни средства, а посебно при учество во сообраќајот.

Слика: Свирачиња