Девет преобразби во чудната шума

16.09.2014 10:54
Девет преобразби во чудната шума

1
Кога во чудната шума девет ловци
тргнале во лов по девет волци
волците се претвориле во скакулци.

2
Кога нападнале деветте скакулци
едно поле со здравец, тегавец и синчец
за казна биле претворени во девет стаорци.

3
Кога во шумата деветте стаорци
се сретнале со девет мрморци
од нив настананале девет јазовци.

4
Кога деветте јазовци
под земјата изеле девет црвци
се претвориле во клукајдрвци.

5
Кога застанале деветте клукајдрвци
на маѓепсани набодени колци, крај копци
(со молци во клуновите) - се сториле девет жапци.

6
Кога во шумското мочуриште виделе жапците
над нив се веднат (за да ги наденат) три тризапци
- се претвориле во девет врапци.

7
Откако деветте врапци
во борба со еден лебед изеле цел лебец
се претвориле во девет вранци.

8
Откако деветте вранци
скокнале над девет огради со шилци и запци
се сториле сколовранци.

9
Откако необјасниво деветте сколовранци
во воздух ги подигнале деветте ловци
се претвориле во падобранци.

***

Кога на земја паднале падобранците
таму сите заедно (ловците, волците, скакулците, стаорците, мрморците, јазовците, црвците, клукајдрвците, копците, молците, жапците, врапците, вранците, сколовранците и падобранците)
заиграле девет танци
а после им се случиле и триста други тракатанци.

Слика: The Royal Art Lodge

ОкоБоли главаВицФото