Кино

16.09.2014 11:42
Кино

-Немо или звучно, киното нема иднина

Тој (Л. Лимиер, француски индустријалец, пронаоѓач на филмската камера во 1895) сака да нè убеди дека неговиот „кино-проектор“ би можел да ги забавува гледачите, па дури и да ги замени претставите и животот на уметниците на сцена. Колку е сето тоа непријатно и смешно! Зошто не се забранат сите тие нејасни и магловити откритија кои и онака ќе исчезнат за неколку месеци?

Лудовик Алеви (Ludovic Halevy), околу 1896, цитирал Дени де Ружмон (Denis de Rougemont) во Иднината е наша работа (L'Avenir est notre affaire), 1977.

Кино-проекторот воопшто не се задоволи со тоа да ја репродуцира реалноста, туку уште од комичните сцени бараше невкус, поради што брзо и ќе исчезне.

Емил Бајар (Émile Bayard), Добар вкус (Le Bon Goût), 1919.

Звучните филмови се многу интересно откритие, но не верувам дека долго ќе останат во мода. Најпрво, невозможна е совршена синхронизација на сликата и звукот, а потоа киното не може, ниту треба да стане театар.

Луј Лимиер (Louis Lumière), интервју во Neues Wiener Journal, превод во Звучните филмови пред 1928. (Films sonores avant 1928), Библиотека Арсенал, РК. 654.

Звучниот филм го прекина подемот на немиот, речиси совршена уметност која создаваше одлични дела, а одвреме-навреме дури и ремек-дела. Тој восхитувачки разбирлив јазик, брз и исклучително експресивен, го заменија нередот, збрката на јазикот, бавниот вербален дотек кој е речиси непотребен, понекогаш и штетен.

Појавата на тон-филмот го означува почетокот на крајот на кинематографската уметност.

Гастон Паж (Gaston Pages), Le Mercure de France, 15 јануари 1933.

-Неморално е

Невозможно е да не се размислува за тоа напредување на вистинското труење на душите и умовите, а кое потекнува од кинематографските егзибиции пред кои секој ден, секој месец и секоја година, минуваат милиони луѓе.

Неизбежното влијание на тие претстави е духовно труење, замрачување на сите благородни и чисти идеи; тоа е вистински атентат на волјата, таа кутра волја која мора да издржи толку борби за да остане верна на задачата која никогаш не е синоним за задоволство.

Пие XI, поздравен говор во Рим, 21 април 1936.

Извор: DICTIONNAIRE DE LA BÊTISE et des erreurs de jugement, Editions Robert Laffont, S.A., Paris, 1965.

Слики: Ralph Pugay

Слични содржини

Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста

ОкоБоли главаВицФото