Разгледници за мравки

17.09.14 13:10

Уметницата Лорејн Лутс која живее и работи во Кејптаун е авторка на проектот „365 разгледници за мравки“. Таа секој ден во годината изработува малечки слики, кои ги збогатува со уфрлање на некој предмет во кадарот, а потоа ги фотографира и добиените „разгледници“ ги објавува на нејзните профили на Tumblr и Инстаграм.

На почетокот Лутс ги изработувала разгледниците според своите замисли, но како што проектот го следеле сè повеќе луѓе на интернет, некои од нив почнале да резервираат датуми со посебна нарачка за слика на одредена тема.

Извор: lorraineloots.com

ОкоБоли главаВицФото