Девојките што ги следевме до дома

18.09.2014 10:46
Девојките што ги следевме до дома

во основно двете најубави девојки беа
Ајрин и Луис,
беа сестри;
Ајрин беше една година постара, малку повисока
ама беше тешко да избереш помеѓу
нив;
не беа само убави туку
неверојатно прекрасни
толку убави
што момчињата стоеја понастрана од нив;
беа преплашени од Ајрин и
Луис
кои воопшто не беа повлечени
дури беа подружељубиви од другите
но
изгледа се облекуваа малку
поразлично од другите
девојки:
секогаш носеа високи штикли,
свилени чорапи,
блузи,
сукњи
нова облека
секој ден;
и,
едно попладне
другар ми Болди и јас ги следевме
до дома од училиште;
знаете, на некој начин
бевме лоши момци
па беше
повеќе или помалку
очекувано
и навистина беше нешто:
да одиш три или четири метри зад нив
не рековме ништо
само ги следевме
гледајќи го
нивното похотно нишање,
балансирањето на
колковите.

тоа толку ни се допадна што
ги следевме од училиште до дома
секој
ден.

кога ќе влезеа во нивната куќа
стоевме надвор на тротоарот
пушевме цигари и зборувавме

„еден ден“, му реков на Болди,
„ќе нè поканат да влеземе во нивната
куќа и ќе се ебат
со нас.“

„стварно мислиш така?“

„сигурно.“

сега
50 години подоцна
можам да ви кажам
дека никогаш не го направија тоа
и покрај сите приказни што им
ги раскажавме на момците;
да, тоа е сонот кој
те одржува
и тогаш
и сега.

Превод: Иван Шопов
Слика: Дејвид Зин

ОкоБоли главаВицФото