Жена не може да заспие откако мажот ѝ престанал да хрчи

19.09.2014 13:08
Жена не може да заспие откако мажот ѝ престанал да хрчи

Скопје, 19 септември 2014

Марта Стојковска од Куманово веќе со недели не може нормално да спие бидејќи нејзиниот маж Златко престанал да хрчи.

„Откако почнавме да се забавуваме, не можев да спијам нормално бидејќи Златко хрчеше толку гласно што се будев од вревата. Му купував разни препарати и справи, магнетни штипки и протези, но ништо не помогна. На крајот му поставив ултиматум - или ќе ослабне и ќе го реши тој проблем, или готово е со нашиот брак“, вели Марта и додава дека Златко од тој ден навистина почнал помалку да јаде, одел во вежбална и набрзо престанал да хрчи.

Меѓутоа, Марта вели дека дури тогаш почнале нејзините проблеми со несоницата.

„Откао престана да хрчи, повеќе не можам око да склопам. Тишината е толку силна што го слушам моето дiшење, а тоа многу ме иритира. Се обидов да му свирам, да имитирам хрчење за да го наведам да го прави истото, ама џабе. Му готвам помрсна храна, му правам торти секој ден, но иако повторно се здебели, ништо не помага. Доколку не почне повторно да хрчи, со нашиот брак дефинитивно е готово“, децидна е видно ненаспаната Милена.

Нејзиниот маж Златко вели дека на сите начини се труди да го спаси својот брак, бидејќи е свесен дека жена му многу го сака штом не му замерува што понекогаш наместо серии гледаат неколку секунди од некој натпревар од домашното фудбалско првенство.

Извор: www.njuz.net