Шкотското „не“ за излез од Британија

19.09.2014 15:28
Шкотското „не“ за излез од Британија

Според вкупно преброените гласови, повеќе од 55,3 отсто од гласачите гласале против иницијативата Шкотска да добие независност по 307 години. За независност гласале 44,7 отсто.

Резултатите од референдумот покажаа дека поддршката за Унијата е поголема од очекуваната врз основа на анкетите правени пред самото гласање и за време на гласањето. Излезноста изнесуваше 84,6 отсто, што е најголема излезност откако по Првата светска војна е воведенo општото право на глас.

Од 32 округа за независна Шкотска во мнозинство гласале најголемиот шкотски град Глазгов, два округа на неговата периферија и Данди, гrадот кој се смета за најголемо упориште на поддржувачите на независноста.

За победа на референдумот беше потребно една од страните да добие повеќе од 1.825.828 гласови. Според конечните резултати, против независноста биле 2.001.926 гласачи наспроти 1.617.989 кои гласале за независност. 3.429 гласачки ливчиња биле неважечки.

Унијата имаше голема поддршка во главниот град Единбург, центарот на нафтената индустрија Абердин, во окрузите покрај англиската граница и на Шетландските и Оркниските Острови.

Пресудата падна во битката за најнаселениот дел на Шкотска, тесниот рамничарски појас кој ги спојува најголемите градови Единбург и Глазгов, во кој унионистите забележаа серија победи.

Резулатите ги следевме во текот на целата ноќ, па можете да погледнете како се развиваше возбудливата трка.

Уште за време на соопштувањето на првичните резултати од помалку населените окрузи, индепендистите доживеаја тешки удари, губејќи го бастионот на келтската кутлура на Западните Острови и сиромашниот работнички Инверклајд во околината на Глазгов.

Набрзо се покажа дека речиси цела земја ја следи едноставната шема - од округ до округ на поддржувачите им недостасуваа од 5 до 8 отсто од гласовите во однос на резултатот кој би ги изедначил со противничката страна.

Се појави надеж во еден краток миг, кога победите во Данди и Вест Данбартоншајр навестија дека е можно да се фати моментумот, но сè се урна во хектичните 20 минути, кога 7 окрузи се изјаснија во корист на останување во заедницата, по правило поубедливо од очекувањата.

Единствената излезна стратегија на SNP и нивните сојузници од кампањата за независност се состоеше во убедливите победи во Глазгов и двата Ланаркшајра, во кои вкупно живее една четвртина од населението во Шкотска. Иако успеаја да добијат два од три округа, вкупната разлика за независност во нив беше под 20.000 гласови, по што беше јасно дека нема враќање.

Единствениот став на сите учесници во процесот и клучните политички фактори во Британија и самата Шкотска е дека и покрај победата на заедничката опција, статусот кво не е одржлив, туку е неопходно што побрзо да се направи опсежна реформа на комплетното функционирање на државата, од конечно усвојување на цврст Устав, преку значителна децентрализација. Политичката борба во следниот период ќе се води околу тоа кој модел ќе биде применуван во реформите.

Референдумското прашање гласеше „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“, а на ливчето гласачите можеа да заокружат „да“ или „не“.

За референдумот се пријавија 97 отсто од 4,4 милиони луѓе со право на глас - што е рекорд, а клучен услов за правото на гласање е трајниот престој во земјата. Изјаснувањето беше дозволено и за 16-годишниците и 17-годишниците.

Што би било кога младите би одлучувале?

Британски Економист изнесе оцена дека Бртанија преживеа, но дека и понатаму е на апарати за вештачко дишење. Влијателниот магазин истакна дека унионистите утрово прославија пбоеда пред сè поради шкотските пензионери, кои се единствената старосна група која значително мнозински беше за останување во 300-годишниот сојуз.

Иако сè уште немаат право на глас, Шкотите стари 16 и 17 години вчера можеа да се изјаснат на референдум. Според резултатите од анкетата на лордот Мајл Ешкрофт, тие очекувано убедливо беа за независност на Шкотска - 71 отсто од нив заокружиле „да“, а само 29 отсто „не“.

На другата страна, луѓето постари од 65 години речиси во ист однос биле за останување во унијата - 73 отсто за наспроти 27 отсто против.

Според податоците на британскиот политичар и бизнисмен, кој долго време се занимава со испитување на јавното мислење, политичката поделба е јасна во случајот на SNP (86-14 во корист на независноста). Лабуристите биле за „не“ (63-37), а нешто понеизвесно било во редовите на LibDema (61-39).

Што се однесува до влијанието на кампањата на мислењето на граѓаните и моментот кога одлучиле што ќе заокружат, тука оние од кампот за останување во Велика Британија се многу поодлучни - дури 62 отсто од нив имале цврст став „отсекогаш“, а уште 10 отсто се определиле пред повеќе од една година.

На другата страна, повеќе од половина од оние кои гласале за излегување од Унијата ја донеле одлуката во текот на последната година - 52 отсто.

За најголем дел од оние од „кампот не“ најважна причина за изборот е тоа што ризиците на независноста изгледале преголеми кога станува збор за економијата - односно валутата, местото во ЕУ, вработувањето и цените - 47 отсто.

Околу една четвртина како прва причина ја навеле историјата, културата и традицијата, а преостанатите 25 отсто се одлучиле за „не“ бидејќи Шкотска сега секако ќе добие поголеми овластувања, а останувањето во Велика Британија и понатаму ќе гарантира сигурност.

Заговорниците за излегување на другата страна се очигледно многу попринципиелни - 70 отсто од нив како главна причина го навеле принципот дека сите одлуки за Шкотска треба да бидат донесени во Шкотска, 20 отсто од нив оцениле дека иднината на земјата е посветла во случај на независност, а преостанатите 10 отсто дека независноста значи дека повеќе нема да има конзервативци во владата.

Дури 45 отсто од оние кои се за независност сметаат дека тоа прашање нема да биде повторно поставено само во следните пет години, дека повторно ќе дојде на ред во следната деценија сметаат 16 отсто, дека е „решено за оваа генерација“ сметаат 18 отсто, а одговорот „засекогаш“ го дале 12 отсто од испитаниците.

На другата страна во „црвениот камп“, една четвртина е уверена дека сега унијата ќе трае вечно, 28 отсто сметаат дека ќе ја истурка барем оваа генерација, 18 отсто сметаат дека ќе трае една деценија, а 20 отсто сметаат дека на унијата ѝ преостануваат уште пет години.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото