Александар д геј?!

20.09.2014 08:23
Александар д геј?!

ЛГБТИ-заедницата од Македонија на завчерашната јавна расправа за уставните измени, со кои бракот се дефинира само како заедница меѓу еден маж и една жена, ѝ се заблагодари на владата за поставувањето на споменикот на Александар Македонски, кого го нарекоа „најголемата геј и бисексуална икона во светот“.

„Кога Александар Македонски се еректираше на плоштад, ние сите како организација апсолутно ја поздравивме владата и сме благодарни што ни поставија најголем споменик за најголемата геј и бисексуална икона во светот. Ако отворите, ќе видите дека две третини од геј-порно сајтовите се викаат 'Alexander the Great'“, рече Кочо Андоновски, активист за правата на ЛГБТИ-заедницата.

Прашањето дали Александар Македонски бил хомосексуалец, со години е актуелно во општествените дебати. Грчкиот професор по историја на Кембриџ, Пол Картлиџ, вели дека во некој период од младоста Александар имал сексуален однос со својот близок пријател Хефестион.

Античките Грци не ги сметале за контрадикторни младинската хомоеротичност и предоминантната или целосната хетеросексуалност на нагоните и активностите на возрасните. Тогаш работите биле 'толку незамисливо различни', како што поетот Луис Мек Нис напиша во 1939 година, и се случувале 'толку многу одамна'“, вели тој.

Во одговор за историчарот Џејмс Ром, Картлиџ вели дека ова е еден од аспектите од животот на Александар, кој е уште многу контроверзен.

„Се сеќавам дека еден прилично конзервативен грчки адвокат, убеден дека неговиот антички херој мора да бил чистокрвен хетеросексуалец, како што е и самиот тој, се закануваше дека ќе поднесе судска постапка за да се забрани прикажувањето на филмот на Оливер Стоун, затоа што го претставил Александар како учесник во сексуален акт со мажи. Лично мислам дека секој обид да го сместиме Александар во современите категории на сексуалниот идентитет е во голема мера анахрон, но дали не сум во право за тоа дека Александар веројатно навистина учествувал во сексуален однос со најмалку еден маж, исто како и со најмалку две жени“, прашува Картлиџ.

Со ова се согласува и активистот за човекови права Жарко Трајаноски, кој вели дека Александар Македонски имал секс со маж.

Прашањето дали Александар Македонски бил хомосексуалец, треба да се преформулира. Овој термин е од 18 век. Ако ме прашувате дали имал секс со мажи - имал. Ако ме прашувате дали имал љубовни врски со мажи - имал. Имал долготрајна врска со генерал Хефестион“, вели Трајаноски.

Тој, повикувајќи се на книгата „Историја на Македонија“, објаснува дека Александар бил скршен од тага поради смртта на својот пријател. Тој побарал од пророчиштето во Шива да му доделат на Хефестион божествен статус. Пред смртта, осум месеци подоцна, Александар сè уште размислувал каков траен споменик да изгради во сеќавање на саканиот Хефестион.

Некои сметаат дека Аристотеловата дефиниција на пријателството како „една душа што престојува во две тела“ ја опишува врската помеѓу Александар и Хефестион. Трајаноски додава дека Александар и Хефестион се споредувале со Ахил и Патрокло и дека кога ја посетиле Троја, Александар принел венец на гробот на Ахил, а Хефестион на гробот на Патрокло. Потоа заедно трчале голи, во чест на нивните мртви херои.

Писателот Ниче Димовски, пак, не се согласува со ова. Според него, Александар бил „нормален“.

„Никаде не е пронајден доказ дека бил геј. Тој бил толку свесен човек и знаел дека дури ни животните не општат меѓу себе на таков начин. Бил за сите природни закони. Никаде не е запишано дека бил хомосексуалец. Ако го правел тоа, не би се женел и не би имал деца со Роксана. Постојат милиони докази дека бил нормален човек. Во царството пријателите на царот биле први. Тие се генерали и од мали деца биле една дружина. Тоа се злоупотребува. Ако правел нешто, ќе правел со некој на пониско ниво од него, не со генералите. Тоа се шпекулации, некој да издејствува понижување на Александар и на неговите подвизи, зашто освен него, никој на толку културен и цивилизиран начин не го освоил светот“, вели Димовски.

Извор: Слободен печат
Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото