Агенцијата за вработување воведува награда „Невработен на месецот“

22.09.2014 12:50
Агенцијата за вработување воведува награда „Невработен на месецот“

Скопје, 22 септември 2014

Дипломираниот правник Марко Видовски од Скопје е првиот добитник на наградата „Невработен на месецот“ која неодамна ја воведе Агенцијата за вработување.

Ова престижно признание на Марко му беше врачено на свеченост во хотелот „Распад“ во Скопје.

„Желба ни е преку ова признание да ги промовираме и наградиме невработените кои истражуваат барајќи работа и не губат надеж дека еден ден навистина ќе ја најдат. Марко со своето редовно доаѓање на нашите шалтери покажа дека е вреден чоовек кој некогаш сигурно ќе најде некакво работно место. Познавајќи го, не би бил зачуден да го добие ова признание уште неколку пати“, вели првиот човек на Агенцијата за вработување.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека оваа награда е доказ дека вреди да се биде упорен во Македонија.

„Многу невработени седат дома и чекаат работата сама да им дојде, а тоа е сосема погрешен пристап. Работата од соништата понекогаш чека зад првиот агол, но претходно морате да ја побарате. Познавам луѓе кои цел живот не работеле ништо, а потоа веднаш станале министри или претседатели на Владата“, рече министерот Спасов.

Примајќи ја наградата „Невработен на месецот“ Марко Видевски рече дека е многу возбуден што тоа му се случило токму во месецот кога слави 10 години откако почнал да бара работа преку оваа служба. Тој истакна дека не е мала работа да се добие вакво признание во конкуренција на стотици илјади невработени.

„До сега го испратив моето CV на 2.000 адреси, имав повеќе од 350 разговори со потенцијални работодавци и понудив мито дури на 45 адреси, така што верувам дека во целост ја заслужив оваа награда. Конечно ќе можам да ги погледнам родителите во очи и без срам да им побарам џепарлак за следниот месец“, вели Марко.

Инаку, наградата „Невработен на месецот“ се состои од пропусница за манифестацијата „Појадок на мост“ за следната година и два бесплатни билети за 10 возења во автобусите на ЈСП.

Извор: www.njuz.net