Пензионер утрово опипал 10% помалку лебови во продавница

23.09.2014 10:16
Пензионер утрово опипал 10% помалку лебови во продавница

Скопје, 23 септември 2014

Пензионерот Трифун Јакимоски утрово допрел 10% помалку векни леб во продавницата во која пазари секој ден, во склоп на неговиот план за штедење за црни денови во задолжената Република Македонија.

Трифун е само еден од големиот број пензионери на кои сè уште не им е јасно какви сè мерки на штедење ќе има коги очекуваат македонските граѓани, кога презадолжената држава ќе банкротира, но веќе почнале да штедат на сè, па и на пипкање на лебот.

„Во просек допирам по десет векни леб секое утро, но денес опипав само девет. Сè уште немам проценка колку точно ќе треба да штедам, но почнав на време. Освен што ја намалив количината на сите намирници за одреден процент, денес на гулабите во Градскиот парк ќе им дадам 15 отсто помалку трошки, а и времето на играње шах ќе го намалам за 20 отсто“, вели Јакимоски.

Тој додава дека планира да штеди и енергија, па ќе го исклучи телевизорот десет минути пред да заврши турската серија која ја гледа неговата сопруга.

Сè повеќе пензионери уште сега преземаат редукција на сите активности, дури и оние виталните, за да успеат да заштедат и да преживат до некои подобри времиња, а најекстремните одат до таму што дури го намалуваат и бројот на дневните бесплатни возења со автобус, неделните посети на матичниот лекар и одењето на пазар да се разгледа што има.

Извор: www.njuz.net

ОкоБоли главаВицФото