Популарни стрип јунаци нацртани со врзани очи

25.09.2014 09:54
Популарни стрип јунаци нацртани со врзани очи

Магазинот LIFE во 1947 година побарал од тогаш познатите стрип уметници специјално за магазинот да ги нацртаат своите најпознати ликови.

Меѓутоа, трикот се состои во тоа што тие морале да го направат тоа со затворени очи!

Резултатите се многу интересни. Иако голем дел од уметниците поминале години и години цртајќи го истиот лик илјадници пати, тоа не значи дека можат да го нацраат и буквално „со заврзани очи“. Сепак, деталите главно се точни, а проблемите се појавуваат околу просторниот распоред.

Некои од нив, како Честер Гоулд, кој го нацртал популарниот детектив Дик Трејси, изгледа дека одлично се снаоѓаат во цртањето „на слепо“.

Извор: LIFE

ОкоБоли главаВицФото