Swing Time

27.09.14 13:29

Во следните неколку месеци, интерактивната инсталација Swing Time поставена во Бостон е отворена за жителите и посетителите да седнат и да се релаксираат нишајќи се на дваесетте светлечки лулашки. Привремениот проект е креација на Höweler + Yoon Architecture и е создаден со цел „да се направи нов вид градски парк“ каде секој е поканет на собир, игра или вежбање.

Секоја лулашка е различна и изработена од полипропилен. Во кружната структура ЛЕД светилките реагираат на движењето во зависност од тоа дали се користат или не. Кога се мирни, светилките емитуваат мека, бела светлина, а кога некој од посетителите се ниша, внатрешниот микроконтролер ја менува бојата на светлината од бела во виолетова.

На фотографиите и видеото подолу можете да погледнете како изгледа овој фасцинантен привремен светлечки парк.

 

Извор: Inhabitat

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око
Јавни простори / Свет / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото