Резервните наставници ќе штрајкуваат поради неуспешниот штрајк на редовните

01.10.2014 14:44
Резервните наставници ќе штрајкуваат поради неуспешниот штрајк на редовните

Скопје, 1 октомври 2014

На својата вонредна седница, Синдикатот на резервни наставници на Република Македонија одлучи да стапи во генерален штрајк поради тоа што не се оствари најавениот штрајк на редовните наставници, односно на СОНК. Од Синдикатот известуваат дека штрајкот започнува веднаш, а не со претходен ултиматум како што беше случајот со нивните редовни колеги.

„Значи, да не нè сфатат погрешно од Владата, немаме ништо против нив, баш напротив, ние скокавме од радост кога слушнавме за законските измени со кои се воведуваат резервни наставници во случај на штрајк на редовните. Баш седевме во штабот со другарите и си викаме – еве ни ја шансата, конечно ќе ни се исплатат сите денови поминати во лепење плакати. Ама овие од СОНК не си стојат на зборот“, се пожали Македон Паљурски, претседател на синдикатот.

Како што кажа тој, со тоа што СОНК го ставиле штрајкот во мирување, им направиле сериозни проблеми и им ги расипале плановите.

„Стварно нема смисла ова. Па што синдикат ќе беше тоа, кога не може да си достои на зборот? Еве ние, веднаш ја донесовме одлуката. Штом не ни даваат да работиме, од овој момент стапуваме во генерален штрајк, и – нема да работиме! Наше единствено барање е да се организира штрајкот на СОНК. Би сакал да ја искористам оваа прилика и за да упатам порака до нашите редовни колеги. Еј пеери, дај бе не заебавајте, дај штрајкувајте, за да можеме да поработиме и да земеме некој денар. Фала еј“, рече Паљурски.

Како што известија од резервниот синдикат, доколку нивното барање не биде исполнето, штрајкот ќе се радикализира и ќе стане штрајк со глад.

Извор: kozanostra.net

ОкоБоли главаВицФото