Природна и/или социјална катастрофа?!

25.01.2010 13:25
prirodna-ili-soc-katastrofa.jpg

Три нешта веднаш паѓаат во очи. Прво, однесувањето на официјалните власти. Претседателот Превал никако да го пресмета бројот на труповите кој зад себе ги остави земјотресот. Сè уште не знае дали загинале 50 или 500 илјади луѓе, а првиот човек на Министерството за внатрешни работи изјавува дека никогаш нема да се дознае нивниот број. Да. Превал во 2006 година го знаеше точниот број на погрешно избројаните гласови, па затоа ги поништи изборите. Додека избирачите беа живи, тој точно знаеше колку се на број, а сега, кога се мртви, не знае.

Второ, никаде нема фотографии на гигантски пукнатини на површината на земјата, појави кои редовно ги следат катастрофалните земјотреси. А нив ги нема, затоа што магнитудата од 7 степени според Рихтер одговара на земјотреси кои зафаќаат поширока територија и имаат понизок степен на разорна моќ. Овој не беше од оние земјотреси кога за неколку секунди можат да исчезнат цели десетокатници и каде нема што друго да се прави. Ова беше една од оние катастрофи заради кои во градежништвото се смислени (и пропишани) сеизмолошки пресметки за време на проектирањето на темелите.

А бетонските кафези во Прт-о-Пренс за 60 секунди се претворија во убиствени остатоци и густа прав. Дека никаде немало сеизмолошки пресметки потврдуваат и фотографиите на кои се гледа дека дури и претседателската палата е срушена. Во центарот на палатата, на местото каде што беше подигната колонада која го држеше целиот кат и тешката кула над него, сега зјае празна дупка, додека на приземјето има делови кои го издржале ударот. Доколку во Порт-о-Пренс се градат нормални куќи наместо бетонски кокошарници, би имало многу помалку жртви.

И на крајот, трето. За време на организацијата на прифаќањето на хуманитарната помош, властите во Хаити физички не беа во состојба да излезат на крај ниту со минималните логистички побарувања. Авионите заради неможноста безбедно да слетаат, едноставно кружеа во воздухот и се враќаат без да го истоварат товарот. Помошта испратена од Кина се истоваруваше шест часа. За тоа време жителите на Порт-о-Пренс, револтирани од отсуството на хуманитарната помош, подигнуваа барикади од труповите на своите сограѓани. Не им паѓаше на ум да отидат на аеродромот и да помогнат авионот побрзо да се истовари.

Овде е многу битно да се забележи таа појава на дефинитивен социјален распад. Ајде да замислиме дека земјотресот на Хаити се случил во Лос Анџелес. Се разбира, ова е тешко да се замисли, ако се има предвид дека во земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтер, кој се случи во 1987 г. во Л.А., загинаа осум лица. Нека биде, да речеме, земјотрес со јачина од 12 степени според скалата на Канемори и да претпоставиме дека, меѓу другото, во утробата на земјата едноставно исчезнале неколку облакодери со височина од стотина ката.

Тешко е да се каже како би се однесувале преживеаните. Некои би им помагале на спасувачите, некои веројатно би полуделе, а би се нашле и оние кои би ги ограбувале супермаркетите. Но едно е сосем сигурно. Преживеаните жители на Л.А. никогаш не би кревале барикади од труповите на своите сограѓани во знак на протест против оние кои го контролираат аеродромот и не се во состојба да ја истоварат пристигнатата хуманитарна помош.

За последниве 25 години на територијата на поранешниот СССР се случија два земјотреса кои беа многу слични со оној на Хаити. Тоа се земјотресите во Нефтегорск од 1995 г. со јачина од 7.5 степени според Рихтер, и во Спитак од 1998 г. со јачина од 7.2 степени. И иако размерите на катастрофалните последици кај обата земјотреса можат директно да се поврзат со актите на веќе добро позната советска неуредност и некоординираност, а исто така и отсуството на сеизмичката безбедност на градбите, ниту во Спитак, а ниту во Нефтегорск, никој не правеше блокади од трупови.

За како материјал за кревање барикади да се користат човечките жртви произлезени од катастрофи со таков обем, потребно е во својата историја да се има колежот од 1804 г., кога по прогласувањето на независноста сите белци на Хаити едноставно беа убиени, а исто така треба и да се преживее диктатурата која во 1957 г. ја воспостави Франсоа Дивалие, попознат како Папа Док. Тој, на пример, се прогласи себеси за отелотворување на Баронот Сабота (Baron Samedi, способен по потреба да се инкарнира во Baron Cimetière или Baron La Croix), а својата тајна полиција ја нарече Тонтон Макуте, што, ако малку ја истражувате локалната митологија, воопшто не е обично име. Според вуду митологијата, тоа е зомби од високиот ред кој ги прогонува, ги мачи и ги убива сите оние на кои Баронот Сабота ќе покаже со прст. Да се биде способен за кревање барикади од трупови значи да се има посебен однос кон животот и смртта.

Земјотрес од 7 степени според Рихтер е многу сериозен земјотрес, ама не е крајот на светот. Досега најсилен регистриран земјотрес во светот се случи 1960 г. во Чиле. Неговата јачина беше 9.5 степени според Рихтер. Се смени релјефот на Андите и низ падините на овој огромен планински ланец летаа стотици милиони тони камења и земја. До темел беа разрушени старите колонијални градови Консепсион и Валдиви. Бројот на жртви – 10 илјади луѓе. А Чиле ни тогаш, ни сега не спаѓа меѓу најбогатите земји во светот.

Во 1985 Мексико Сити беше погоден од земјотрес со јачина од 8.2 степени според Рихтер. Загинаа 7500 луѓе. Мексико Сити не е Лос Анџелес, ама не е ни Порт-о-Пренс.

А каква држава е Хаити? Тоа е најсиромашната земја од западната хемисфера. Тоа е територија на која, од истоварувањето на Колумбо па сè до денес, единствен период на нормална управа беше од 1915 до 1934 година, кога беше окупирана од американските маринци.

Русија на светот му ги подари зборовите „водка“ и „кнута“, а Хаити „тонтон макути“. Во 1995, кога претседателот Аристид ја распушти официјалната војска, ја замени со народна војска од доброволци под името Армија на канибалите. Така самите се нарекуваа, но тоа им стана и официјалното име. Кога во 2004 провладината (!) Армија на канибалите организираше вооружена побуна, и’ се придружија и вооружените Вудуисти, односно припадниците на одредите на бившите Тонтон макути. Истата 2004 г., кога во Хаити загинаа 3.5 илјади луѓе од одроните и лизгањето на земјиштето предизвикани од ужасниот ураган, дојде до сериозни вооружени судири за време на поделбата на хуманитарната помош која стигна на островот.

Хаити е најсиромашната земја на западната полутопка и тоа е првата земја во која е забележана епидемијата на сида. Иако климата е исклучително благотворна, во Хаити е забележано највисокото ниво на смртност и неухранетост на децата меѓу земјите од западната хемисфера.

Денес во Хаити стигнува хуманитарна помош од целиот свет. Но јас мислам дека тоа е залудно. Ако Превал успее да ја одржи контролата, сета пристигната помош ќе се употреби за финансирање на владата на Гарант. А во случај да започнат немири и ослободувачките армии на канибалите и вудуистите едноставно го изедат Гарант Превал (не фигуративно, туку навистина – да го зготват и изедат), тогаш сета помош ќе биде разграбена од страна на истите тие канибали и вудуисти.

Во принцип, постои единствена сила која има доволно ресурси и способности да ја достави пратената меѓународна помош до вистинските жртви на земјотресот. Тоа е војската на САД. Но сосем разбирливо е дека таа нема да се занимава со тоа бидејќи, во мигот кога некој американски војник ќе пука во првиот вудуист кој тргнал да крева барикади од трупови или во првиот канибал кој ќе се обиде да откине парче од тие барикади за да се нахрани, сите – и Гарант Превал, и вудуистите, и канибалите, а особено меѓународните хуманитарни организации специјализирани за крадење на хуманитарната помош, заедно со организациите од типот на Хамас или оние во рамките на програмата Нафта за храна, едногласно ќе викнат: „Американски окупатори – како не ви е срам!“

Природни катастрофи веќе не постојат. Постојат само социјални, бидејќи луѓето повеќе не живеат во природата туку во општествата, и од положбата на секој од нив конкретно зависи дали негативните или катастрофалните последици од некоја несакана и незапирлива стихија ќе се зголемат или намалат. Причината за загинувањето на толку луѓе во ноќниот клуб „Куцата кобила“ не е огнената стихија, туку тоа што во Русија се нарекува Државна контрола за заштита од пожари и која исклучиво постои за изнудување мито.

Во Русија исто така постојат трусни подрачја, како Дагестан, на пример. Всушност, таму нема хаиќански колипки, ама затоа да се добие дозвола за изградба на зграда од пет ката која подоцна ќе има дванаесет, се случува секојдневно. Не дај боже да затресе во Махачкали – ќе го имаме Хаити.

ОкоБоли главаВицФото