Да живее истрагата за „кингерот“

15.10.2014 04:09
Да живее истрагата за „кингерот“

Минаа десет години од трагичната авионска несреќа кај мостарското село Ротимље, во која загина вториот македонски претседател Борис Трајковски, негови соработници и членовите на екипажот. Истрагата за владиниот „кингер“, со кој патуваше Трајковски, одамна заврши и докажа дека било несреќа.

Актуелната власт во Македонија се труди, со нови и нови истраги божем поттикнати од нечии нови докази, а всушност од истите стари небулози, да ја одржува теоријата на заговор - некојси таму некаде далеку замешал прсти и го урнал „кингерот“.

Пред неколку години МВР ја почна втората истрага, која не откри ништо. Незадоволни, отворија трета. Ја предводи босанскиот експерт Омер Кулиќ. Тој, пак, со месеци ја одржува тензијата: „Сега се знаат актерите и одговорните авторитети поврзани со падот на авионот, а наскоро јавноста ќе ги дознае сите детали“. Бидејќи се потрошија едно чудо државни пари за да се дознаат „актерите и одговорните авторитети“, редно е да ги посочат со име и со презиме. Веќе да не се играат игри, да се најавува дека истрагата открила многу важни детали „што фрлаат ново светло“ на трагедијата, а да се одложува нивното објавување. Ако се важни, уште поважно е јавноста да ги дознае. Ако не се, тогаш, благо речено, срамно е да се манипулира со смртта на луѓето, со чувствата на нивните блиски, па и со очекувањата на народот. Што треба да се случи за да ги објави комисијата откритијата? Да почне да паѓа рејтингот на власта?

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото